16.9 C
Ohrid
недела, јуни 1, 2025
ПочетнаМакедонијаМомче и неговата мајка позитивни на Ковид-19 одбиле да носат маска, при...

Момче и неговата мајка позитивни на Ковид-19 одбиле да носат маска, при што момчето со тупаници го нападнал болничарот на Пулмологија.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Завчера во Клинички центар во Скопје се случил сериозен инцидент предизвикан од двајца ковид позитивни пациенти и негови другари.

<

Инцидентот кој се случил во модуларната Ковид амбуланта на Пулмологија ја предизвикало момче кое дошло со мајка му, а и двајцата биле позитивни на ковид 19, пишува порталот Либертас.

Двајцата без маски сакале да влезат во амбулантата и кога биле опоменати да не влегуваат без маски и двајцата во исто време заради ковид протоколот, момчето почнало да вика и да се заканува и на крај го нападнал болничарот.

Откако си заминале тој повторно се вратил, но овој пат со група другари со возила без регистарски таблички, влегле во амбулантата и го нападнале болничарот. Кога дошла полиција тие се тепале и со полицајците и се е снимено на безбедносните камери велат за Либертас од Клиниката за пулмологија.

Пред полицијата дури и му се заканувале на болничарот дека кога ќе си оди полицијата тие ќе го ,,средат“.

Инцидентот е пријавен во МВР, велат од Пулмологија и додаваат дека ја разбираат паниката и стравот кај граѓаните од пандемијата, но не и силеџискиот однос кон медицинскиот персонал и непочитувањето на протоколот во амбулантата, кој е ист за сите.

Згора на тоа, сакаат да влегуваат без маски, се заразени со вирусот ковид 19, пишува Либертас.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ексклузивно: Пејачката Марија Луиса доживеа тешка сообраќајна незгода, момeнтално е хоспитализирана

Како што дознава Шило Магазин од своите канали познатата пејачка Марија Луиса доживеала сериозна сообраќајна несреќа денес во Скопје. Според првичните информации, инцидентот се...

Две охриѓанки се кубеле за коси, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.05.2025 година во 18.35 часот, , на улицата „Винковачка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со карање и тепачка помеѓу Д.К.(63)...

Филипче: Да си ја земеме државата назад, да ја вратиме на вистинскиот пат !!!

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на трибина на Социјалдемократската младина на Македонија во Струмица, посочи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е...

ЕФА бара Бугарија да го признае македонското малцинство

Кршењето на правото на здружување и мирно собирање, говорот на омраза и дискриминацијата на која се изложени Македонците во Бугарија се засноваат на националистичката...