11.9 C
Ohrid
сабота, март 22, 2025
ПочетнаМакедонијаПандов: Поради лошата политика на Заев, Македонија единствено може да влезе во...

Пандов: Поради лошата политика на Заев, Македонија единствено може да влезе во ЕУ ако каже дека тука живеат Бугари

spot_img

Вечерва во емисијата „Само вистина“ гостуваше Александар Пандов, прв човек на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ. Тој при своето гостување посочи дека виновник за сето ова што сега и се случува на Македонија е Зоран Заев. Заев пред да дојде на власт да не ветуваше се и сешто на Бугарите ова немаше да ни се случи.

<

„Затоа што нема историја, нема идентитет во овој нон пејпер затоа и Бугарите не го прифаќаат. Во Бугарија не е овој проблем сега со историјата, со јазикот, со идентитетот, со меморандум што ни издаваат од кај нивната академија за наука и уметност. Тука се работи за 100 годишна и над 100 години пропаганда која што во континуитет поагресивно или помалу агресивно бугарските властодршци ја тераат кон Македонија. Повеќе пати имам повторувано четири војни водат Бугарите, прва и втора балканска војна, прва и втора светска војна со цел да ја окупираат територијата на Република Македонија и да го асимилираат македонското население.“, појасни Пандов.

Пандов додаде дека во поновото време се води стратегија од Бугарија дека сме еден народ во две држави. Не верува дека во скоро време ќе се смени ставот на Бугарија кон Македонија.

„Во ситуација ако не прифатиме дека нашиот јазик има бугарски корени, односно дека нашите револуционери или преродбеници биле Бугари, со самото тоа произлегува дека и нашиот идентитет е бугарски, 84% од Бугари на анкета одговориле дотоколку ние Македонци тоа не го прифатиме, тогаш под итно да ни се стави вето“, истакна Пандов.

Пандов рече дека Заев на сето тоа на време не се спротистави, туку пред да состави влада има ветено на Бугарите дека се ќе исполни кога ќе дојде на власт.

„Минатата недела ВМРО-ДПМНЕ имаше барање за седница на која ќе се се дискутира за прашања од национален интерес, дури и бараше да се одржи лидерска средба, а за тоа Мицкоски беше брутално отфрлен од страна на Зоран Заев“, нагласи Пандов.

Додаде дека според случувањата, Македонија може единствено да влезе во ЕУ само ако кажеме дека тука живеат Бугари, а за тоа е виновен единствено Заев

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Отец Димитар во поткастот на Лазаров откри како ги смири немирите во Кочани.

Отецот Димитар во разговор во поткастот на Лазаров откри што се случувало тој ден во Кочани, а исто така посочи дека се надева дека...

Почина внуката на Јосип Броз Тито: Остана запаметена по нејзините ставови за Македонија

Почина Светлана Броз, внуката на Јосип Броз Тито Во Белград, на 70-годишна возраст, почина Светлана Броз, внука на поранешниот југословенски лидер Јосип Броз Тито. Светлана...

Заедно со граѓаните градоначалникот Пецаков на Света Заупокоена Литургија за прерано згаснатите животи на 60 млади души во Кочани.

Денес во храмот Успение на Пресвета Богородица - Каменско, со нашите сограѓани присуствуваше и градоначаникот на Охрид г-динот Пецаков на Света Заупокоена Литургија, која...

Мицкоски го посети семејството на Иле Гоцески, починатиот возач на кочанската Брза помош

Премиерот Христијан Мицкоски го посети семејството на Иле Гоцевски, возачот на Брзата помош во Кочани кој почина по помошта што ја пружи на повредените...