Вело Маркоски ги објасна несаканите својства на антибиотикот Сумамед. Во продолжение ви го прикажуваме неговиот статус во целост:
СУМАМЕД и КОВИД-19
Сумамедот е антибиотик со генеричко име азитромицин. Откриен од страна на група хрватски научници во 1980 година, а Плива го патентира во 1981 година. Под името Зитромакс, фармацевтката компанија Фајзер добива ексклузивни права од страна на ПЛИВА Загреб за продажба на овој антибиотик во западните држави. Се работи за антибиотик од групата на макролиди (кои се прототип на еритромицинот). Во 2005 година истекнува еклузивноста на патентот и овој корисен антибиотик почнуваат да го произведуваат многу фармацевтски компании под различни фабрични имиња (азимемед, азитромицин, зимакс, зитролид, хемомицин…). Со откривањето на сумамедот Хрватска стана една од малкуте држави во светот што имаат пронајдно нов антибиотик, кој од страна на СЗО е прифатен како неопходен (есенцијален) лек.
Зошто е овој антибиотик едне од најкористените и најпопуларните во светот. Прво, има многу малку несакани дејства, има долг полуживот, се дава еднаш дневно ( што го прави многу прифатлив за дозирање од сите возрасни групи), го има во сите форми (сируп, таблети, ампуи. Второ, има доста широк спектар со дејство на голем број на бактерии, со што со еден антибиотик лекарот може да покрие повеќе болести (пример-респираторни: фарингитис, ангина, синузитис, бронхитис, пневмонија) и повеќе етиолошки причинители (бактерии). Трето, со ваков широк спектар се и терациклините, но тие се контраиндицирани кај деца и бремени жени, поради што азитромицинот стана лек кој се дава кај сите возрасти. Сепак азитромицинот како и сите макролидните антибиотици е лек на избор кај инфкциите предизвикани од таканарешени атипични (интрацелуларни) причинители, пред се хламидија и микоплазма инфекциите.
Со почетокот на КОВИД-19 пандемијата, Сумамед (азитромицин) стана најпопуларен антибиотик, кој во почетокот се сметаше за единствен спас. Во голем број на држави на сите позитивни (со ПЦР) се даваше овој антибиотик, за среќа повеќето здравствени системи се откажаа од оваа нелогична, непотребна и штетна терапија. Притоа се заборавија основните начела од медицината базирана на докази во употребата на еден антибиотик. Прво, КОВИД-19 е вирусно заболување, антибиотиците (кои се наменети исклучиво за лекување на бактериски инфекции) немаат никаквоо дејство на вирусите. Вториот нарушен принцип е многу важен, давање на антибиотик за време на вирусн аинфекција е ШТЕТНО, поради супримирање на нормалната флора во горнореспираторен тракт. Теориите дека се дава Сумамед на вирусна инфекција за секој случај (не делува ама нема штета) се опасни. ЗА 6 дена колку што ка нас до сега се дава азитромицин (плус 68 часа дејство по прекинот на терапијата) ќе ги супримира бактериите, а азитромицинот делува на многу бактерии, така да евентуалната пневмонија која би настанала по прележување на вирусна инфекција, (општо познато и прифатено во науката е појавата на секундарни бактериски компликации, меѓу кои и бактериска пневмонија) ќе биде од бактерија која била резистентна, односно давањето на аитромицинот (за жал кај нас уште плус се додава и Панцеф, а неретко и трет антибиотик) немало никакво дејство на ова бактерија. Значи, пнавмонијата која ќе се развие после било која вирусна инфекција, а истата вирусна инфекција била лекувана со антибиотик, ќе биде од бактерија на која даваниот антибиотик воопшто не делувал. Матичните лекари треба да сфатат дека лично одговараат за секоја постапка и секој даден лек. Теориите дека некој од горе рекол да се дава Сумамед (и плус уште некој антибиотик) ќе ги доведе нивните пациенти во голема опасност, а тие како лекари нема да можат никако да се оправдаат зошто давале антибиотик на вирусна инфекција.. Уште поголема грешка е откако еден ваков пациент лекуван со азитромицин и панцеф, развие пневмонија, (која со сите параметри во крвта е бактериска), да се продолжи лекување со азитромицин и третогенерациски цефалоспорин. Давањето на Сумамед како анти инфламаторен лек кој ќе ги намали цитокините, пред се тумор некрозис фактор алфа, кај пациенти со КОВИД-19 е неоправано, затоа што досега во овие 8 месеци науката потврди дека нема цитокинска бура кај КOВИД-19, односно и ако се јави цитокинскка бура кај мал број пациенти, тоа е само кај ти што направиле сериозна бактериска компликација.
Проф др Вело Марковски