24.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче: Вакцината против ковид-19 кај нас во јануари или февруари

Филипче: Вакцината против ковид-19 кај нас во јануари или февруари

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Очекувањата се дека во јануари или февруари ќе ја имаме вакцината против Ковид-19 согласно сегашната динамика на одвивање на работите, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

<

И втората компанија после „Астра Зенека” и компанијата „Фајзер”, посочи министерот, аплицираше да добие дозвола за употреба во Европската агенција за лекови. Појасни дека вообичаено тоа е процедура која трае неколку месеци и кога ќе завршат сите клинички фази на испитувањето почнува административата процедура.

„Верувам дека ќе дадат одобрување по таа т.н.ургентна постапка и дека некаде до Нова година, такви се очекувањата, ќе добие дозвола и двете вакцини да бидат дистрибуирани. Ние ги очекуваме преку Ковакс механизмот, од чиј дел се овие две компании. Како ќе ја добијат дозволата за употреба таму ги даваат дозите и тие еднакво се распределуваат на сите земји кои учествуваат во него. Секоја следна компанија која влегува во тој механизам ги дава на располагање своите дози на вакцини. Ние го потпишавме договорот, Владата даде согласнот, обезбеден е буџет, така што ги очекуваме вакцините преку Ковакс механизмот, рече Филипче“, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на пунктот за брзи тестови во поликлиниката „Јане Сандански”.

Потенцира дека имаат и две други понуди, една од Полска преку полскиот амбасадор и друга преку грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој на последната средбата со премиерот Зоран Заев на Самитот во Солун покажал добра волја и можност државава да биде дел и од нивната количина набавка, која како земја-членка на ЕУ е обезбедена со директен договор со компанијата „Астра Зенека”.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...