5.9 C
Ohrid
сабота, февруари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаИнтернист од Куманово почина од Ковид

Интернист од Куманово почина од Ковид

spot_img

Интернистот Шукри Фазлији (49) од болницата во Куманово почина од компилкации од КОВИД-19. Фазлији починал на Инфективната клиника во Скопје каде се лекувал последниве денови.Директорката на болницата, Снежана Захариева, изрази сочуство до семејството.

<

– За жал, еве уште еден колега замина како жртва на КОВИД-19. Утринава ми соопштија вработените дека починал, пред два дена се слушнав со него, беше на интензивна нега на Инфективна клиника. Рече дека е подобар отколку што бил кога дошол на Клиниката, бидејќи ние го испративме во навистина лоша состојба, меѓутоа го слушнав дека отежнато дише, единствено што посакав е да се извлече од кризата. Очигледно болеста земала сериозен замав, изјави директорката Захариева.

Според неа, Фазлији пројавил симптоми на настинка нешто повеќе од пред една недела, меѓутоа не бил хоспитализиран во болницата. Се лекувал во домашни услови. Откако состојбата му се влошила, семејството ги контактирало лекарите од кумановската болница на интерно одделение.

– Колегите се понудиле да му биде земен брис, да биде тестиран, да му се даде терапија, но знам дека е лекуван во домашни услови, примал терапија која самиот си ја има одредено и кога веќе состојбата се влошила семејството се обратило до колегите. Тој е донесен на одделот за интерна медицина каде што и работеше по што веднаш со колегите свртевме на Инфективна клиника, под итно да биде примен, бидејќи беше со ниска сатурација на кислород, со покачена гликемија, имаше и коморбидитети, но е млад човек ние искрено се надевавме дека успешно ќе се извлече од кризата, рече Захариева.

Неговиот колега од Куманово, матичниот лекар, Фатмир Асани, кој исто така е позитивен ка Ковид-19, вели дека Фазлији претходно имал два стента и бил во ризичната група, но ниту еден ден не ги оставил пациентите.

-Беше вреден лекар, неуморно од почетокот на епидемијата беше со пациентите. Во нашата фела се повеќе лекари се позитивни на Ковид-19. И тоа е веќе и нормално, колку повеќе заразени пациенти, толку повеќе заразени лекари ќе има. Се чуваме, верувајте, но по 7-8 часа поминати со заштитна облека, маски, визири, во еден даден момент може нешто да се измести, да се допреме несакајќи, и толку треба. Сега вирусот е многу повирулентен, вели Асани.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Македонија ќе се одржи натпревар во јадење ќебапи – Наградата е 500 евра!

Натпреварот е можност за учесниците да ги покажат своите вештини и да се борат за главната награда, која изнесува 500 евра. Доколку уживате во вкусот...

Жена од Гостивар физички нападнала полицаец во кафана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Г.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење...

Заев за Груевски: Колку треба човек да е забеган во умот да поверува дека градам кула во ДУБАИ.

Откако поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук од Будимпешта изнесе тврдење дека експремиерот Зоран Заев „започнува изградба на кула од 82 ката во Дубаи“,...

Објава на Груевски: Заев гради кула од 82 ката во Дубаи вредна над 600 милиони евра

Поранешниот премиер Никола Груевски во објава на Фејсбук тврди дека Зоран Заев инвестира во изградба на кула со 82 ката во Дубаи, вредна над...