13 C
Ohrid
вторник, ноември 24, 2020
Почетна Македонија Со вакво темпо на заразување, се прашувам дали воопшто ќе ни треба...

Со вакво темпо на заразување, се прашувам дали воопшто ќе ни треба вакцина

Translate (Eng):[gtranslate]

Премногу се тактизира со мерките, може да се оди и со поблаги мерки сè дотогаш додека не се закани надминување на капацитетот на здравствениот систем, а критериум за тоа е бројот на хоспитализираните болни. Како и расположивиот здравствен кадар. И дека ако епидемиолошката ситуација ескалира, треба да се воведат најстроги мерки. Но, не долготрајни, туку краткотрајни затварања за време од неколку последователни викенди. Долготрајниот „карантин“ би предизвикал повеќе штета од короната, вели епидемиолог доктор Драган Даниловски во интервју за „Стандард“.

На прашањето дали вакцината против Ковид-19 треба да биде задолжителна, Данаиловски вели дека не треба да задолжителна, но најпрепорачливо е да се вакцинираат ризичните групи.

-Треба да биде препорачана за лицата постари од 65 години, хроничните болни, бремените жени и дебелите. Тие треба први да се вакцинираат. Другите граѓани да се вакцинираат по сопствена желба, но дури после ризичните групи. Патем, со вакво темпо на заразување на населението, се прашувам дали воопшто ќе ни треба вакцина, тогаш кога ние ќе дојдеме на ред, претпоставувам некаде кон средината на идната година, смета Даниловски.

РЕКЛАМА

Во врска со зголемениот број на заразени како и починати лица од Ковид, докторот посочува дека голем број од граѓаните го игнорираат вирусот и си продолжуваат со старите навики на интензивно дружење.

-Напливот на болни си го прави своето. Ете зошто постојано се апелираше да се почитуваат мерките. За жал, огромно мнозинство од граѓаните избраа да го игнорираат вирусот и да си продолжат со старите навики на интензивно дружење. Причините се повеќеслојни – од лошиот квалитет на образованието децении наназад до агресивните кампањи на теоретичарите на заговори. Но и нешто друго. Разногласието и кај нас докторите, вели епидемиолог Даниловски.

Здравствени работници добија засилување на медицинскиот кадар од останатите болници, како и од младите специјализанти. Сметате ли дека тие имаат доволно време да се подготват за ваква кризна ситуација и да се справат со предизвикот наречен Ковид 19?

-Веќе се знае дека КОВИД-19 е во основа воспаление на крвните садови (васкулитис), заради што практично се зафатени буквално сите органски ситеми. Дури и доктор од општа практика не може да не ги знае патофизиолошките процеси кои стојат зад клиничките манифестации на болеста. Се разбира, со оглед на тоа што причинителот е вирус, најкомпетентни се инфектолозите.

Меѓутоа, под нивни надзор, секој доктор од општа пракса, а камоли специјалисти, може да се грижи за болен со КОВИД-19. Тука мислам на лесните и средно тешките случаи. Оние потешките задолжително мора да бидат згрижувани од страна на инфектолози и евентуално анестезиолози (ако е потребна респираторна поддршка).

Што треба веднаш да преземеме доколку сме биле во контакт со лице позитивно на Ковид 19? Накусо објаснете кога лицето кое е позитивно може полесно да ја пренесе заразата на друг?

– За да се заштитиме себеси, семејството и заедницата, мора да се изолираме од околината, да се тестираме и да внимаваме на можна појава на симптоми како што се висока температура, кашлица, отежнато дишење, треска, главоболка, болки во мускулите, болки и сувост во грлото, замор, затнат нос (конгестија) и губење на вкус и мирис. Изолацијата треба да трае 14 дена од последниот ден кога сме биле во близок контакт со лицето со КОВИД-19.

За повеќе информации на следниот линк:https://standard.mk/makedonija/intervju/intervju-so-d-r-danilovski-so-vakvo-tempo-na-zarazuvanje-se-prashuvam-dali-voopshto-kje-ni-treba-vakcina/

 

- Реклами -