14.6 C
Ohrid
сабота, јуни 12, 2021
Почетна Македонија Владата се предомисли: Сите кои отсуствуваат од работа поради Ковид-19, платата ќе...

Владата се предомисли: Сите кои отсуствуваат од работа поради Ковид-19, платата ќе им биде намалена.

Translate (Eng):[gtranslate]

Вработените позитивни на ковид 19, тие кои се асимптоматски и другите кои се во изолација поради контакт со позитивно лице ќе користат боледување и ќе им се крати од плата. Откако владата пред две недели одлучи на административците и општинарите боледувањето да им се исплатува 100 проценти и упати само препорака до приватните газди да го прават истото, вчера ја корегираше грешката. И сега наместо сите по 100 проценти, и вработените на државно и тие на приватно ќе добиваат, 70, 80, или 90 проценти од плата, во зависност колку денови се на боледување. На грешката укажале невладините и синдикалците, а и медиумите, кои во владината одлука видоа дисктиминација. Забелешите за дискриминација на работниците стигнале до труд.

„РЕАГИРАВМЕ НА ВЛАДИНА СЕДНИЦА И ДОБИВМЕ ЗАДАЧА КАКО МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД, ДА ГО ОВА НА НЕКОЈ НАЧИН КОРЕГИРАМЕ И НА ВЧЕРАШНАТА СЕДНИЦА МИНИСТЕРСТВОТО ПОДНЕСЕ ИНФОРМАЦИЈА ДО ВЛАДАТА, ВЛАДАТА ЈА УСВОИ ИНФОРМАЦИЈАТА И ВО ТАА ИНФОРМАЦИЈА НИЕ СЕ ПОВИКУВАМЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ КОИ ШТО ИЗРИЧИТО, СЕКАКО И КОЛЕКТИВНИТЕ ДОГОВОРИ КОИ ШТО ГО ПРЕСЛИКУВААТ ОВА КАКО ОДРЕДБА. СИТЕ ВРАБОТЕНИ КОИ ШТО КОРИСТАТ БОЛЕДУВАЊЕ ДО 7 ДЕНА СЕ ПОКРИЕНИ СО 70 ПРОЦЕНТИ ОД ПЛАТА, ДО 15 ДЕНА 80 ПРОЦЕНТИ, НАД 15 ДЕНА 90 ПРОЦЕНТИ СО ТОА ШТО ВО ПРВИТЕ 30 ДЕНА РАБОТОДАВАЧОТ Е ТОЈ КОЈ ШТО ГИ ОБЕЗБЕДУВА СРЕДСТВАТА ЗА БОЛЕДУВАЊЕТО, ПОСЛЕ ЕДЕН МЕСЕЦ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО. СЕГА ПОДЕДНАКОВ Е ПРИСТАПОТ ЗА СИТЕ, СЕ ПОВИКАВМЕ НА ЗАКОНОТ, И ОВИЕ ПРЕТХОДНИ ЗАКЛУЧОЦИ ОД ВЛАДАТА БЕА КОРЕГИРАНИ.“- РЕЧЕ ШАХПАСКА.

РЕКЛАМА
- Реклами -