5.9 C
Ohrid
сабота, февруари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаСкандалот продолжува: Иако знаел директорот на штипската болница дека 41 годишната пациентка...

Скандалот продолжува: Иако знаел директорот на штипската болница дека 41 годишната пациентка не смее да остане без кислорот ни една минута, тие и уклучиле две инфузии !!!

spot_img

Уште ова, отпосле дознаваме дека Вие сте знаеле дека мајка ми е во тешка ситуација уште од почетокот и дека НЕ СМЕЕ да се дозволи да остане без кислород НИТУ ЕДНА МИНУТА. ЗОШТО мајка ми тоа утро што го спомнав во претходниот статус БИЛА НА ДВЕ ИНФУЗИИ МЕСТО НА КИСЛОРОД и ЗОШТО ВЕ БАРАЛА НА ТЕЛЕФОН 5 ПАТИ ВО 15 МИНУТИ знаејќи го тој факт?

Господине Alen Georgijev,
Ќе погодите што правевме денес?

<

ПОВТОРНО ги поправавме Вашите и грешките на Вашиот персонал.

Со цел да добиеме извод од матична книга на умрени, бевме да ја земеме потврдата за смрт и лекарскиот извештај за причината за смрт и погодете што?

На самиот извештај БЕШЕ ПОГРЕШЕНА датата на смрт на мојата мајка ( место да стои 14.11.2020, пишуваше 14.10.2020 ), но секако дека НЕ БЕШЕ САМО ТОА. Дури и местото на раѓање на мојата мајка не беше точно ( место Берово, пишуваше Делчево ).

Погрешена дата на смрт за еден месец, погрешено место на раѓање на документ на кој се имаат потпишано ДВАЈЦА доктори и на кој стои ПЕЧАТ. Покрај целата ситуација во која се наоѓаме, НИЕ денес требаше ПОВТОРНО да укажуваме на Вашите грешки. Да, отидовме на Инфективната клиника, ги поправија грешките и знаете како?

Со корегирање со пенкало. Корегирање со пенкало на документ со печат. Пишување едно врз друго. Корегирање кое можев да го направам дури самата јас, но си помислив ,, Не, како може да се вршат такви корекции на документ на кој стои печат. ” Ете, можело. Потоа да, успеавме да го внесеме барањето затоа што на луѓето им беше јасно во каква ситуација се наоѓаме и во таква ситуација од каде доаѓаме. Во прилог ќе Ви доставам и докази секако.

Во мојата прва објава имам кажано дека ,, нема да се занимавам со точноста и прецизноста на Вашите тестови “, но поради тоа што Вие сте тие што ме ТЕРАТЕ да зборувам еве уште неколку прашања до Вас господине Alen Georgijev и истовремено и до министерот Венко Филипче.

Од отпусната листа на мајка ми и Вие можете да видите дека мајка ми е примена на инфективното одделение со отежнато дишење, изнемоштеност, кашлица и болки во грбот. Мајка ми беше тестирана во четвртокот ( 5.11.2020 ), од наши сознанија резултати од тестот излегле на 7.11.2020 ( сабота ) и резултатот бил НЕГАТИВЕН. Во ред е. Знаеме дека се случуваат грешки и во тестовите. Разбирам дека наодот бил во прилог на билатерална вирусна пневмонија, но ЗОШТО Вам ви беа потребни 3 дена за повторно да ја тестирате мајка ми и да ја утврдите точноста на тестот.

ЗОШТО мајка ми не беше тестирана во саботата кога сте ги добиле резултатите од претходниот тест туку сте чекале до понеделник ( 9.11.2020 ) чувајќи го пациентот во Ковид центар? ЗОШТО дури тогаш го имате повторено тестот? Не тврдам и не ја исклучувам можноста на грешка во тестот и погрешен прв негативен тест, НО ЗОШТО тоа не беше проверено веднаш? ЗОШТО се чекаше до понеделник за повторно земање на брис од мајка ми, затоа што самата таа ми кажа дека во понеделник и бил земен брис, а гледаме и од самиот резултат на отпусната листа – стои датумот 9.11.2020. ЗОШТО?

Уште ова, отпосле дознаваме дека Вие сте знаеле дека мајка ми е во тешка ситуација уште од почетокот и дека НЕ СМЕЕ да се дозволи да остане без кислород НИТУ ЕДНА МИНУТА. ЗОШТО мајка ми тоа утро што го спомнав во претходниот статус БИЛА НА ДВЕ ИНФУЗИИ МЕСТО НА КИСЛОРОД и ЗОШТО ВЕ БАРАЛА НА ТЕЛЕФОН 5 ПАТИ ВО 15 МИНУТИ знаејќи го тој факт?

Знам, не може една медицинска сестра да седи до мајка ми постојано, но ако Ви била потребна дополнителна помош за неа и за којзнае колку вакви пациенти, ЗОШТО ја немате побарано од нејзиното семејство затоа што пример јас БЕЗ РАЗМИСЛУВАЊЕ би облекла скафандер и би влегла да бидам покрај мајка ми 24/7 и не би дозволила да дојде до ситуација таа да нема кислород.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Македонија ќе се одржи натпревар во јадење ќебапи – Наградата е 500 евра!

Натпреварот е можност за учесниците да ги покажат своите вештини и да се борат за главната награда, која изнесува 500 евра. Доколку уживате во вкусот...

Жена од Гостивар физички нападнала полицаец во кафана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Г.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење...

Заев за Груевски: Колку треба човек да е забеган во умот да поверува дека градам кула во ДУБАИ.

Откако поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук од Будимпешта изнесе тврдење дека експремиерот Зоран Заев „започнува изградба на кула од 82 ката во Дубаи“,...

Објава на Груевски: Заев гради кула од 82 ката во Дубаи вредна над 600 милиони евра

Поранешниот премиер Никола Груевски во објава на Фејсбук тврди дека Зоран Заев инвестира во изградба на кула со 82 ката во Дубаи, вредна над...