30.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Се што има во приватните клиники го има и во нашиот...

Заев: Се што има во приватните клиники го има и во нашиот јавен здравствен систем, но тие си имаат направено реклама, иако цените им се превисоки !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во своето гостување во емисијата Клил плус на ТВ 21 премиерот Зоран Заев беше дециден дека нашиот јавен здравствен систем ги буди и има сите можности, најмалку како приватните болници, кои според него, земаат големи суми, и тој се прашува дали навистина треба да бидат толку високи нивните цени.

<

На забелешката дека во ковид пандемијата посиромашните многу потешко стигнуваат до здравствената услуга наспроти побогатите, како и дека цените во приватните клиники се високи, премиерот рече дека сите граѓани, прво треба да си проверат да знаат што има во нашиот јавен здравствен систем, пред да тргнат кон приватните клиники.

„Бидејќи сето тоа што го има во приватните клиники, го има и во нашиот јавен здравствен систем. Ама нели, затоа што се кажало дека таа и таа болница е добра, и ајде сите ќе тераме таму. Значи, прво, ако некој има вишок пари, бујрум нека оди, тоа се лиценцирани здравствени установи кои работат за профит. Ние како држава не работиме за профит. Трансплантација на крв има на инфективна, ремдесивир има на Инфектвна, актембрата исто така ја има. Но, сите треба да знаат дека ремдесивирот не се дели по пациенти, туку го примаат пациенти со одредени симптоми по препораки на СЗО. И сега има разговори зошто на овие го дале, на оние не. Па тој лек не се дава на сите пациенти. Ако го даваш на пациенти со несвојствени индиции на болеста, можеш да направиш беља. Значи, нашиот здравствен систем дефинитивно ги има сите можности во делот на ковид, како што ги има и приватниот систем, само што таму ќе ви ги земат парите“, порача Заев до граѓаните.

За поплаките од здравствениот систем, Заев рече дека кризата има и еден психолошки дел.

„Ги имаме сите причини да бидеме нервозни, но треба да знаеме дека здравствените работници прават се, односно најмалку толку колку што прават здравствените работници во почитуваните приватни клиники во државата. Најмалку исто прават. Ако не и повеќе. Ајде да прашаме кој на кого се јавува да побара ремдесивир затоа што имале пациент со одредени својства според кои треба да му се даде лекот. Приватници им се јавуваат на државните, тие од нив бараат поддршка. Вистинската капацитетност е во државните. Сега имаат и повисоки плати иако не се најсоодветни.

Јас не можам да прифатам дека е 12 илјади лечење со трансплантација на крвта во некоја од приватните клиники. Да имаше вонредна состојба, па да одевме малку со времена национализација во овој период. Затоа што јас едноставно не можам да верувам дека трошоците се 12 илјади евра, ок, тоа е приватна работа, но во вонредна состојба државата има потреба и можност времено да национализира. Зошто, затоа што здравствениот систем мора да биде ставен еднакво на располагање на сите.

Дефинитивно да знаат граѓаните. Нашиот здравствен систем ги има сите услови најмалку како приватните, таму работат професионалци, кои се хумани, стручни и мотивирани, работат повеќе од десет часа на ден“, потенцираше премиерот.

Според него, можеби треба да се размислува за кризна состојба, за менаџментот со ресурсите, како да му олесниме на медицинскиот персонал,да видиме дали и Армијата има медицински персонал, и таа да биде актвирана, дали може и поинау.

„Но, сите треба да знаат дека се прави се од здравствените работници, од лекарите, медицинските сестри, без било каква обоеност, насекаде каде што работат. Помагаат сите, анестезиолози, интернисти, пулмолози….

Се надевам дека и матичните лекари ќе покажат малку поголема храброст. Овде не ја гледаме доволно хаброста. Веројатно не се доволно специјализирани и стручни, па не навлегуваат така длабински како специјалистите“, објасни премиерот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...