20.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаГЕСТ ЗА ПОЧИТ: ПРИЛЕПСКИТЕ ФРИЗЕРИ, БЕРБЕРИ, КОЗМЕТИЧАРИ СО ДОНАТОРСКА АКЦИЈА ЗА ПАЦИЕНТИТЕ...

ГЕСТ ЗА ПОЧИТ: ПРИЛЕПСКИТЕ ФРИЗЕРИ, БЕРБЕРИ, КОЗМЕТИЧАРИ СО ДОНАТОРСКА АКЦИЈА ЗА ПАЦИЕНТИТЕ И ПЕРСОНАЛОТ ВО БОЛНИЦАТА

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Голем одзив на хуманитарниот повик за донации – помош на прилепската болница во храна и вода од прилепските фризери, бербери, козметичари и спортистите. Денеска на паркингот кај Општата болница Борка Талески стигнаа пакетите со вода, зеленчук и овошје за пациентите и медицинскиот персонал кои веднаш беа примени и распределени во болницата.

<

– Оваа болница како и сите во државава кубури со персонал и мора сите да помогнеме на овој начин, затоа што знаеме сите дека пациент легнат во кревет не е сам во состојба да стане и да си наполни вода. Секој еден пациент кој е хоспитализиран по автоматизам значи и дека членовите на неговото семејство се во изолација и со тоа е оневозможено е дистрибуција на вода и овошје за пациентите. Денов како што започна сум убеден дека ќе помине со огромни донации за болницата“, истакна Крешимир Здравески, фризер од Прилеп.

 

Во акцијата која што започна сосема спонтано по донацијата на семејството од Михаил Здравески по повод неговиот именден, се вклучија сограѓани спортисти.

„Сакаме и ние како спортисти да учествуваме на овој настан, на оваа хуманитарна акција, на било каков начин да помогнеме. Господ да му помогне на сите болни, да имаат добро здравје и сите граѓани треба да се вклучат во вакви акции“, кажа Киро Здравески, спортист ветеран, џудист од ЏК Сеишин Прилеп.

Иницијативата за помош на сограѓаните кои се хоспитализирани во прилепската болница и персоналот, продолжува уверуваат занаетчиите, фризерскиот еснаф, козметичари, бербери, спортисти и најавуваат дека следен чекор е набавка на прочистувачи за воздух во оваа здравствена установа, која периодов се соочуваа со најголем предизвик од постоењето – битката со Ковид 19 и спасување животи.

Извор: Радио Пела

Хуманитарен гест за почит и поттик, прилепските фризери, бербери, козметичари со донаторска акција за пациентите и персоналот во болницата

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...