0.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонија,,Топол дом за сите,,- Кристина Арнаудова започна да им помага на луѓето...

,,Топол дом за сите,,- Кристина Арнаудова започна да им помага на луѓето кои немаат дом, таа денес лепеше плочки и мешаше малтер.

spot_img

Драги пријатели, (многу имам трема денес, ко да имам 4 години и да ја водам приредбата у градинка, ете таква трема имам хахахах).

Ова пред вас, е пилот емисијата од првата епизода на телевизискиот хуманитарен проект ,,Проект Куќа,,.

 

,,Проект Куќа,, произлезе од проектот ,,Топол дом за сите,, кој моето здружение Проект Среќа го започна во декември 2019 година. Идејата беше да се реновираат или изградат од ново домови, каде живеат семејства со деца, во многу тешки услови, без основни услови за живот.

 

Одзивот на јавноста да се вклучи во овој проект беше речиси непостоечка. Но ние не се откажавме. Знаев дека ова може да профункционира (не со таква динамика како во останатиот дел од светот и со таков ентузијазам, но со голем труд, сепак е можно).

 

Кога го започнавме проектот немавме никаква идеја дека ќе го снимаме. Како што и самите знаете, одбегнуваме да ги снимаме -снимам моите активности.

 

Во текот на припремата, и барањето спонзори и донатори со големи срца, кои би се вклучиле, и заеднички би изградиле среќа за многу деца, сфативме дека одзивот на компаниите би бил многу поголем кога тие за возврат би добиле реклама за тоа.

 

Си рековме, ако тоа значи дека на тој начин ќе изградиме многу поголем број домови, тогаш во ред, се сложувам да снимам емисија. Со помош на пријатели, волонтери, добри луѓе, општествено одговорни компании, ја снимивме оваа прва пилот емисија, односно првата куќа која ја направивме.

 

Во оваа куќа живеат Ајнур Симоновски, самохран татко на 5 дечиња. Како изгледаше домот пред и потоа, ќе можете да видите и самите. Нивната животна приказна е тажна и тешка, но ние сме овде да зборуваме за среќата, и да им помогнеме да ја најдат среќата во себе и околу себе, и покрај се….

Дали ова емисија ќе продолжи да постои, зависи од тоа дали нашите телевизии ќе сакаат вакво нешто во својата програма. Овој проект го ставивме на пауза, бидејќи на денот кога ја завршивме куќата СЗО прогласи пандемија на Ковид 19-Корона вирус, и моравме да запреме привремено.

 

Ние имаме желба и воља, да создадеме среќа за многу деца, а знаеме и дека можеме, благодарение на сите ВАС. И наскоро ќе продолжиме.

Благодарение на генералните спонзори во градењето на оваа куќа, Касино Сенатор, и хотелот PAINT IT BLACK, луѓето со големи срца и мои големи пријатели, и нивната константна поддршка, овој проект тргна и сите вие можете да го видите.

 

Овој концепт на телевизиски емисии е веќе познат, и многу популарен, а јас како голем фан на вакви емисии, знам дека луѓето во Македонија едвај чекаа да видат дека некој и во нашата земја може и сака да го направи ова за нашите луѓе.

Сите кои учествуваа и придонесоа можете да ги прочитате на одјавната шпица. Имам многу благодарам:

Агенцијата New Moment, Skopje Ели Пешева, и Благојче кои ја сработија перфектно монтажата, Martin Apostolot Trpcevski кој цело време беше со мене и тоа нема никогаш да му го заборавам, Aleksandar Ristovski , Продукција Jovan Lesanski, Калиопи Трпчева за најдобрата најавна шпица, Јас и Darko Tasev ја сработивме музиката, главниот кој цело време ја надгледуваше работата на мајсторите Марјан Мацко, моите девојки од Проект Среќа, Благица и Бојана кои секогаш се тука за се што треба…БЛАГОДАРИМЕ!

Целиот процес траеше 1 месец, нешто снимивме, нешто не, бевме многу лимитирани со техника, заради непостоечкиот буџет за снимање, но и покрај тоа сметам дека како за прва епизода, извадивме максимум од она кое имавме на располагање.

Јас незнам како се снајдов како водител, никогаш во живот не сум помислувала дека еден ден ќе го правам ова.Тоа ќе оставам вие да кажете. А многу уживав! А и не е важно каква сум јас, важно е да создадеме среќа и да изградиме услови за нормален живот на што повеќе деца.

 

Компаниите со големи срца кои се вклучија можете да ги видите на одјавната шпица, и за нив посебна благодарност, MINISO Allocate Software Macedonia Adziko Home Center, Мебел Ацевски, Мебел Ви, Шате керамика и сите останати, цареви сте! До следната емисија, кога ќе и кажеме чао на Короната! Се гледаме!

Благодарна до бескрај, Кристина Арнаудова, автор, водител и продуцент на ,,Проект Куќа,, П.С. Дечки, ова е само на јутјуб, споделувајте, за да можат повеќе луѓе да го видат, и да се приклучат.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...