9.9 C
Ohrid
недела, февруари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаНаце направил преку сто илјади фотографии од секое делче на Македонија за...

Наце направил преку сто илјади фотографии од секое делче на Македонија за аманет на идните генерации

spot_img

Наце Попов е фотограф вљубеник во природата и планинар роден 1973 година во Скопје, република Македонија. Во неговата долгогодишна кариера како фотограф  (преку 30 години) има создадено архива од преку 100000 фотографии и слајдови од неговата прекрасна земја, од секое нејзино делче, од нејзините планини,полиња,реки, езера, водопади, од нејзините стари а сепак преубави села, од градовите и луѓето, од црквите и манастирите, од археолошките локалитети, од секаде.

<

Негови дела со кои посебно се гордее се капиталните , националните проекти за Македонија на словенечката издавачка куќа Младинска книга.

Тоа се монографиите Чудесна Македонија, 2012 год, Македонски слави 2014 та година и Македонски цркви и Манастири издадена 2015-та година, како и монографијата на наглиски јазик The Soul of Macedonia издадена во 2016-та година од издавачката куќа Табернакул.

Добитник е на многубројни награди од кои најзначајна му е наградата Благоја Дрнков за колекција фотографии на манифестацијата денови
на Македонската фотографија за 2016-та година.

Неговите фотографии ги красат огромен број на календари, разгледници, туристички брошури и списанија, книги ( монографијата за порта Македонија, Туристичките брошури на Тримакс) и долги години е соработник на институции и организации како што се агенцијата за промоција и развој на туризмот во република Македонија,
комисијата за односи со верските заедници, општина Дојран, општина Битола, национален парк Маврово, центар за развој на пелагонискиот,источниот и југоисточниот плански регион во република Македонија, трговско индустриските развојни зони ТИРЗ, Халк Банка, Конрад Аденауер, маркетинг агенции итн итн. Во моментов е при крај со неговиот последен проект, неговата четврта монографија, монографијата the Beautiful Macedonia и е во припрема на новиот проект, монографијата Macedonia from the Air.
За прв пат оваа година почнува да ја претставува својата долгогодишна работа и надвор од Македонија преку отворање на ФБ страната ФотоМакедонија како и преку презентирање и продажба на негови фотографии во далечната Австралија, Америка, Нов Зеланд,Канада,Германија.

Воедно во договор со хуманитарната организација Свети спас од Скопје дел од средствата ги донира во борбата против гладот и сиромаштијата во неговата земја
Македонија.

Негова примарна цел е да направи трајни вредности, дела кои ке останат како сеќавање за генерации и генерации Македонци, дела кои секогаш ке ги потсетуваат сегашниве и идните генерации на богатството кое го имаат во нивната мала но преубава земја, богатство кое за жал многумина не го спознаваат и малку или воопшто не го ценат.

Вевчанска Локва

Лешница

Св Јован Канео -Охрид

Дојранско езеро во Зима

Дојранско Езеро

Мостот во Зовиќ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања како што обвинува опозицијата, ниту на министерот за животна средина Изет Меџити му...

Почина 21-годишен осуденик од Штип откако бил донесен во болница со знаци на предозираност?!?

На 22.02.2025 во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено – поправната установа Затвор Штип...

Благодарение на медиумите, скопјанката Гордана го пронајде кученцето Зои.

Скопјанката Гордана Брњарчевска Дренкоска после тринаесет денови потрага пред половина час гопронајде нејзиното куче Зои. Таа заврши во болница откако, како што сведочеше, неколку...

Од тага по кучето, жена од Скопје заврши во болница.

Скопјанката Гордана Брњарчевска Дренкоска тринаесети ден го бара нејзиното куче Зои. Таа заврши во болница откако, како што сведочи, неколку пати добила повици од...