33.9 C
Ohrid
сабота, август 9, 2025
ПочетнаМакедонијаГолема трагедија во Богданци: Загина 20 годишно момче, неговите другари повредени (ФОТО)

Голема трагедија во Богданци: Загина 20 годишно момче, неговите другари повредени (ФОТО)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Богданци е во тага поради големата трагедија која се случи во градот. Во сообраќајна несреќа загина дваесетгодишно момче, а четворица негови другари се повредени. Автомобилот со кој се враќале дома, со голема брзина излетал од асфалтот.

<

Со тага и неверување во Богданци беше примена веста дека едно дваесет годишно момче од нивниот град загина вчера утрото во 4 часот, а четворицата негови другари се повредени.

Жители на Богданци кои живеат на улицата „Маршал Тито“ велат дека биле разбудени од силен тресок, по што некои од нив излегле надвор. Глетката била страшна – со многу тешки повреди било момчето кое веднаш било транспортирано на скопската Клиника. Неговите другари, врсници според возраста, биле исто така повредени.

Автомобилот марка БМВ бил комплетно уништен што укажувало дека од улицата излетале со голема брзина. Се говори дека момчињата се враќале од некоја веселба.

За жал, битката на лекарите во Скопје вчера била загубена, момчето почина.

МВР денеска информираше за оваа несреќа.

Фотографија од несреќата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...

Скопјанец „награден“ за „одличното пракирање“ во Будва

Културата си ја покажуваме и надвор од земјава, но не подобро. Скопјанец, мислејќи дека е во Скопје, го паркирал автомобилот до контејнер во црнгорскиот летен...

Жител на Чаир крадел струја од бандера, при што предизвикал пожар.

Пожар зафати бандера на ЕВН и куќа на 63-годишен скопјанец во населбата Чаир. Пожарот бил предизвикан, но било утврдено дека избувнал преку кабел кој...