18.3 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаУсловна казна затвор за Александар Маленко !!

Условна казна затвор за Александар Маленко !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Основниот кривичен суд Скопје му изрече три месеци условна казна затвор на Александар Маленко поради фалсификување исправи на Пливачката федерација на Македонија.

<

Александар Маленко беше сменет од функцијата претседател на Пливачката федерација на Македонија, но тој продолжи да дејствува како таков, без поддршка од клубовите. Според централниот регистар на Македонија, Александар Филипчев е прв човек на македонското пливање со решение од 07.06.2019.

Во меѓувреме претседателот на Националната пливачка федерација, Александар Филипчев поднесе кривична пријава за Маленко за лажно користење на печати и лажно претставување.

Основниот суд Скопје донесе пресуда дека Александар Маленко е виновен за фалсификување исправа и му додели условна казна од три месеци затвор.

Образложението на судот:

„На 20.06.2019 година во име на правното лице Пливачка федерација на Северна Македонија издал исправа до Генералниот секретар на КОМЕН КУП, технички секретар на КОМЕН КУП во Бургас техничка организација пливачка федерација на Бугарија со кои го одјавил тимот на натпреварувачи кој се состои од Блажевска Еминова Миа – пливач спортист и Илија Стојановски – тренер, кои биле делегирани од страна на Националната пливачка федерација Скопје, на која исправа своерачно се потпишал и кон својот потпис додал дека има положба – претседател на Пливачката федерација на Северна Македонија иако знаел дека го нема тоа својство затоа што бил сменет од претседателската функција на Федерацијата со решение 07.06.2019 година на Централниот регистар на РСМ.

Со кои дејствија обвиинетиот Александар Маленко од Охрид, сторил кривично дело – Посебни случаи на фалсификување исправи од чл.379 ст.1 т.4 в.в. ст.1 од Кривичниот законик, па согласно цитираниот член, како и членовите 4, 32, 33, 39, 48, 48-а, 49 и 50 од Кривичниот законик судот на обвинетиот му изракува алтернаивна мерка.

На обвинетиот Александар Маленко од Охрид му се изрекува казна затвор од 3 – три месеци и судот истовремено одредува дека истата нема да се изврши доколку обвинетиот во рок од 1 – една година по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело“.

мкд.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стопирана постапката за купување регистарски таблички во боја за функционерските возила

Министерството за внатрешни работи ја стопираше тендерската постапка за набавка на регистарски таблички за службени возила, поради жалбите што во моментов ги разгледува Државната...

Трајановски: Детектирани се црните точки на патиштата, работиме во координација со МВР за подобра безбедност

Директорот Трајановски истакна дека се детектираат црните точки на патиштата и се работи на подобрување на сообраќајната сигнализација за поголема безбедност Директорот на Државни патишта,...

Градоначалникот Пецаков оствари важна средба со амбасадорот на Шпанија за развој на Охрид и туристичка соработка

Остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија...

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...