1.6 C
Ohrid
среда, февруари 12, 2025
ПочетнаМакедонијаСега ви е шансата: Владата на Северна Македонија вработува државен службеник !!!

Сега ви е шансата: Владата на Северна Македонија вработува државен службеник !!!

spot_img

Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавува

<

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 261/2020
за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Влада на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат за следните работни места

1. УПР0101Б02000 Раководител на сектор за стручно-оперативна и логистичка поддршка на генералниот секретар и заменикот на генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија и министрите без ресор(1) извршител(и)
Општи услови
– да е државјанин на Република Македонија,
– активно да го користи македонскиот јазик,
– да е полнолетен,
– да има општа здравствена способност за работното место,
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
– ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, Организациони науки и управување (менаџмент), Правни науки
– најмалку 5 (пет) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку 8 (осум) години работно искуство во струката од кои најмалку 3 (три) години на раководно работно место во приватен сектор
Општи работни компетенции
– решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
– учење и развој
– комуникација
– остварување резултати
– работење со други/тимска работа
– стратешка свест
– ориентираност кон странките/засегнати страни
– раководење и
– финансиско управување
Посебни работни компетенции
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
– потврда за положен испит за административно управување
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време
– Работни денови понеделник-петок
– Работни часови неделно 40
– Работно време од 07:30 до 15:30
– Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот
Паричен нето износ на плата: 37.625,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2020 год. се : Македонец(ка) 1.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.

Рокот за пријавување изнесува 15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. По истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Агенцијата.
Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за селекција на административен службеник, на интернет страницата на Агeнцијата за администрација.

Фаза 1 – административна селекција се спроведува во рок од 15 дена од завршувањето на објавениот оглас.

Фаза 2 – испит за административен службеник се спроведува во рок кој не може да биде пократок од 10, а подолг од 30 дена од завршувањето на фаза 1 и истата се снима и емитува во живо на интернет страницата на Агенција за администрација.

Фаза 3 – проверка на веродостојност на докази и интервју се спроведува во рок од 10 дена од завршување на фаза 2.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Најверниот пријател на Фросе, кученцето Аја- секојдневно ја чека да се врати.

Аја сеуште те чека мила Фроси да се вратиш, да ја прегрнеш, да ја измилуваш, среќни да се прошетате и да си разговарате на...

Пожарникарот Александар започна хуманитарна акција за помош на семејството на Игор Југ.

Од денес како хуманитарна организација ќе се ангажирам и ќе покушам колку што можам да му помогнам конкретно на семејството на Игор Југ без...

Владата ќе го разреши државниот јавен обвинител.

Портпаролката на Владата, Марија Митева на денешната прес-конференција информираше дека Владата го задолжила, Министерството за правда да поведе постапка за разрешување на државниот јавен...

Мухамед Зекири се прости од убиениот во Чаир: Го загубивме нашиот најдобар пријател, брат и син

Екс генералниот секретар на владата на Заев Мухамед Зекири преку социјалната мрежа Фејсбук се прости од убиениот во ноќешната престрелка во Чаир и откри...