16.9 C
Ohrid
понеделник, октомври 14, 2024
ПочетнаМакедонијаВо 1960 за да го донесат бротот „ГАЛЕБ” во Охрид – Изградиле...

Во 1960 за да го донесат бротот „ГАЛЕБ” во Охрид – Изградиле нова делница од патот Битола до Охрид

ЗА ДА ГО ДОНЕСАТ БРОДОТ „ГАЛЕБ” ДО ЕЗЕРОТО ВО 1960-ТИТЕ ИЗГРАДИЛЕ НОВА ДЕЛНИЦА ОД ПАТОТ БИТОЛА-ОХРИД .

Првиот современ пловен објект во Охрид, бродот „Галеб“, бил донесен на почетокот на 1960-те години, а за да го превезат до Охридското Езеро тогашната власт изградила нова делница од патот Битола-Охрид, бидејќи двата тунела кај Буково биле прениски за да помине .
Во Капетанијата во Охрид нема податоци за тоа како е носен бродот „Галеб“.

Но Здравко Тупаре, човек од старо охридско семејство, носител на значајни стопански функции во градот и еден од раководителите на веслачкиот клуб „Југ“ од Охрид, се сеќава на тој настан за кој има малку документи.
Бродот го носеле со специјален камион, но кога стигнале кај Буково не можел да ги мине тунелите!

„Мислам дека ‘Галеб’ го донесоа некаде во 1961 година.Тоа беше настан што го крена на нозе целиот град. Сите слушнавме дека ќе биде донесен современ брод, дотогаш невиден во водите на Охридското Езеро. Според моите сознанија, овој пловен објект беше изграден во едно познато унгарско бродоградилиште, а најголем проблем беше како цел брод да се донесе во Охрид, да не се расклопува во делови. Ова го напопенувам бидејќи најголемиот охридски брод ‘Скопје’, а потоа познат под името ‘Македонија’, беше носен во делови од бродоградилиштето во Смедерево до Охрид“, раскажува Здравко Тупаре.

Пренесувањето на „Галеб“ од Битола до Охрид била вистинска одисеја поради двата тунела на превојот Буково. Охриѓани кога чуле дека камионот со бродот ги минал препреките излегле на улиците за да го видат.
„Знам дека бродот беше донесен најпрво во Белград од Унгарија, а оттаму го превезуваа со специјален камион во Македонија, во Охрид. Возењето на бродот по патиштата траел со денови, но најголем проблем се јавил кај превојот Буково каде има два тунели. Кога камионот таму стигнал возачот и организаторот на превозот на ‘Галеб’ виделе дека тунелите се прениски за да се помине низ нив. Немале многу избор. Пловниот објект го донеле на петнесетина километри од Охрид, а минале денови на пат и стотици километри по патиштата. Решиле да преземат поголем зафат. Со помош на раководители од тогашната републичка власт била изградена нова делница на патот. Своевиден бај-пас бил направен на стариот пат Битола-Охрид.

Изградена била нова делница во подножјето на тунелите. На тој начин камионот на кој бил натоварен бродот поминал по новоизградената делница, избегнувајќи ги тунелите. За овој зафат со години се зборуваше во Охрид, бидејќи беше смел, а требаше и добра организација за да се изврши квалитетно и брзо“, вели Тупаре. „Беше спуштен со специјално изградени дрвени шини, низ кои бродот едноставно се лизна во езерото. Оттогаш иако поминаа децении ‘Галеб’ плови и сѐ уште е еден од најубавите пловила во Охрид“, вели Здравко Тупаре, хроничар на Охрид.

Кога охриѓани разбрале дека камионот со „Галеб“ ги поминал тунелите и дека се приближува кон градот, улиците биле исполнети со луѓе да го видат новиот, најсовремен брод. „Мислам дека бродот го однесоа кај Горица. Таму имаше и хангар. Беше спуштен со специјално изградени дрвени шини, низ кои бродот едноставно се лизна во езерото. Оттогаш, иако поминаа децении, „Галеб“ плови и сѐ уште е еден од најубавите пловила во Охрид”, вели Здравко Тупаре.

„Галеб“ во екс Југославија најпрво беше во сопственост на тогашното комунално претпријатие, а по осамостојувањето на Македонија премина во приватни раце, при што беа извршени бројни измени на моторот, надградбата на коритото. Со него управуваа најпознати охридски капетани кои се школуваа на познати поморски школи. Тој и денес плови, а најчесто од Охрид до Свети Наум.”

Охрид Вест

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Австриец паднал од балкон на хотел во Охрид додека бил во друштво на маж од Бразил

На 13.10.2024 во 17:39 часот во СВР Охрид, е пријавено дека во хотел во Охрид од балкон паднал гостин во хотелот. Се работи за лицето...

Растурам свадби за 500 евра, распродаден сум до ноември

Тој стана тема број еден во неговиот град и вели дека на луѓето кои ја очекуваат венчавката им зборува дека тоа е „најлошиот кошмар“,...

Стоја: Повеќе сакам да јадам, отколку да водам љубов.

Пејачката Стојанка Новаковиќ Стоја го носи псевдонимот „Стоја институција“ кој и го дале нејзините обожаватели, а потоа го присвоила. Таа стои на музичкото небо повеќе...

Одбележани 40 дена од смртта на рок легендата Бора Ѓорѓевиќ: “Засекогаш ќе остане со нас, иако замина на другиот свет”

Голем број пријатели и семејството денеска се собраа на Градските гробишта во Чачак, каде му беше оддадена четириесетдневна почит на југословенската рок легенда, родениот...