1.6 C
Ohrid
среда, февруари 12, 2025
ПочетнаСветМедицинска сестра е првата Американка која се вакцинираше со вакцината против КОВИД-19...

Медицинска сестра е првата Американка која се вакцинираше со вакцината против КОВИД-19 од Фајзер

spot_img

Медицинската сестра Сандра Линдзи е првата Американка која ја прими вакцината против ковид-19, откако истата беше одобрена за употреба од Американската агенција за храна и лекови (ФДА).

<

Таа е медицинска сестра која работи во Еврејскиот медицински центар на Лонг Ајленд. Од март Линдзи е на првата линија на фронтот и работи со болни пациенти со ковид-19, пренесува 360 Степени.

Медицинската сестра ја прими вакцината на настан кој се пренесуваше во живо, а на кој присуствуваше и гувернерот на сојузната држава Њујорк, Ендрју Куомо. Откако ја прими вакцината, таа рече дека се чувствува одлично и дека не чувствува никаква разлика од вакцинирањето со која било друга вакцина.

„Денеска се чувствувам надежно, ми олесна. Чувствувам дека заздравувањето доаѓа. Се надевам дека ова ќе го означи почетокот на крајот на еден многу болен период од нашата историја. Сакам да ѝ покажам на јавноста дека вакцината е безбедна, да има доверба“, рече Линдзи.

Гувернерот Куомо објави фотографија од неа со коментар „Вака изгледаат хероите“.

Вакцината што ја прими медицинската сестра ја развија компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“. Државата Њујорк прими 170 000 дози од оваа вакцина за време на викендот, и очекува да добие 346 000 дози од вакцината на „Модерна“ во последните десет дена од декември.

ФДА во петокот одобри „итна употреба“ на вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“, а деновиве се очекува да има и целосна дозвола. Исто така, се очекува наскоро одобрение и за вакцината на „Модерна“.

Викендов, САД почнаа со дистрибуција на вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“. Според планот за вакцинација, во првиот бран се распоредуваат 2,9 милиони дози, додека други 2,9 милиони ќе бидат испратени за втора вакцинација по три недели. Уште 500 000 дози се чуваат во резерва за итни случаи.

Вакцините во моментов се достапни на 145 локации во 50 сојузни држави. Во вторникот тие ќе пристигнат на уште 425 локации, а в среда уште на 66.

Први за вакцинација во планот на американските здравствени власти се медицинскиот персонал и жителите на домовите за стари лица.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Најверниот пријател на Фросе, кученцето Аја- секојдневно ја чека да се врати.

Аја сеуште те чека мила Фроси да се вратиш, да ја прегрнеш, да ја измилуваш, среќни да се прошетате и да си разговарате на...

Пожарникарот Александар започна хуманитарна акција за помош на семејството на Игор Југ.

Од денес како хуманитарна организација ќе се ангажирам и ќе покушам колку што можам да му помогнам конкретно на семејството на Игор Југ без...

Владата ќе го разреши државниот јавен обвинител.

Портпаролката на Владата, Марија Митева на денешната прес-конференција информираше дека Владата го задолжила, Министерството за правда да поведе постапка за разрешување на државниот јавен...

Мухамед Зекири се прости од убиениот во Чаир: Го загубивме нашиот најдобар пријател, брат и син

Екс генералниот секретар на владата на Заев Мухамед Зекири преку социјалната мрежа Фејсбук се прости од убиениот во ноќешната престрелка во Чаир и откри...