4.9 C
Ohrid
четврток, февруари 6, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче: Во јануари ќе ни пристигнат фрижидерите на -70 степени за вакцината...

Филипче: Во јануари ќе ни пристигнат фрижидерите на -70 степени за вакцината од Фајзер

spot_img

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во вечерашното гостување на телевизија Сител, потенцираше дека изминатиот период интензивно се работеше на координација и подготовка на здравствениот систем за вакцинацијата против ковид-19.
На средбите, економските оператори кои и сега складираат и дистрибуираат други вакцини од имунолошкиот календар на Министерството за здравство покажале волја и подготвеност да бидат дел од системот на прием, чување и дистрибуција на вакцините против ковид-19 до нашите здравствени домови.
Тој истакна дека во месец јануари 2021 година ќе пристигнат фрижидерите на -70 степени за вакцината од компанијата Фајзер.
Филипче информираше дека преку три механизми бараме по 800 илјади дози вакцини, а целта е да се вакцинира 60% до 70% од населението, повторно нагласувајќи дека први за вакцинација ќе бидат здравствените работници, посебно оние кои работат со ковид пациентите, понатаму повозрасните граѓани над 65 години, пациентите со хронични болести, осоебно оние со хронични болести на белите дробови, срцето.

<

Вакцината ќе биде бесплатна за граѓаните и на доброволна основа, но со цел да се подигне свеста за потребата од вакцинација, Филипче најави дека се подготвува кампања, воедно и дека ќе бидат преземени сите мерки, вклучително и повикување на одговорност за оние кои ќе шират лажни вести во врска со неефикасноста на вакцината или нејзината поврзаност со некои болести.

„Видовме и бевме сведоци на силна антиваксерската кампања минатата година за време на епидемијата со морбили. И тогаш имавме сериозен проблем. Но сега, повеќе од било кога е јасно какви се ефектите и последиците од болест за која немаме вакцина.“, посочи Филипче.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Росица Кулакова до медиумите: Не го објавувајте видеото во кое адвокатот на Васо ќе се обиде да ја изманипулира јавноста !!!

Росица Кулакова, сестрата на Фросина Кулакова, на социјалната мрежа Фејсбук објави дека адвокатот на Васил Јованов кој ја прегази нејзината сестра, ќе се обиде...

Висок функционер од СДСМ заврши во притвор

Судија на претходна постапка при основниот Кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за одредување 30денвен притвор за поранешниот директор на...

Традицијонална свеченост во спомен куќата на Прличев

По традиција во рамки на „Прличевите беседи“ и годинава се одржа свеченост во родната куќа на Прличев, којашто пред 20 години беше реновирана и...

23 годишниот одбранбен фудбалер Христијан Јанкулоски од Охрид е ново име на Брера Струмица.

23 годишниот одбранбен фудбалер Христијан Јанкулоски е ново име на Брера Струмица. Тој веќе се приклучи на тимот на Тони Атанасов и веќе...