20.2 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаБектеши: Казината ќе работаат за Нова Година но забрането е да се...

Бектеши: Казината ќе работаат за Нова Година но забрането е да се прославува внатре !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Нема да биде дозволен дочек на Новата година во казина и во обложувалници, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши откако се појавија гласини дека Новата година ќе може да се прославува во објектите за игри на среќа.

<

Министерот појасни дека казината и обложувалниците ќе можат да работат 24 часа, но дека кафулињата, рестораните и гостилниците ќе мора да затвораат во 18 часот. Сепак, додаде тој, и покрај тоа што казината не се ограничени со работното време, таму нема да биде дозволено да се служат пијалаци и храна по 18 часот.

– Не го знам бројот на казината, обложувалниците и автомат-клубовите кои даваат и угостителски услуги, но правилото важи секаде каде што се служи храна и пијалаци и таму треба да се почитуваат мерките – рече тој.

Владата синоќа донесе измени и дополнувања на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита од пандемијата со ковид-19, според кои се ограничува работата на угостителските објекти наместо до 21 часот да биде до 18 часот, освен за угостителските објекти кои остваруваат продажба на алтернативен начин (онлајн нарачки, телефонски нарачки и слично) и да вршат достава или да овозможат самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...