5.6 C
Ohrid
недела, јануари 19, 2025
ПочетнаМакедонијаБугарија го потврди ветото – изневерeни се европските вредности и очекувањата на...

Бугарија го потврди ветото – изневерeни се европските вредности и очекувањата на нашите граѓани

spot_img

Владата на Република Северна Македонија и во овој случај, по повод денешните заклучоци на Комитетот на постојани претставници (КОРЕПЕР) изразува разочарување што ЕУ не најде начин да донесе позитивна одлука за усвојување на Преговарачката рамка, што ќе овозможеше првата меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Северна Македонија да се одржи до крајот на 2020 година, за време на германското претседавање со ЕУ.

За жал, се потврди ветото на Бугарија со кое не се дозволува почеток на преговорите на нашата земја во ЕУ, иако според сите извештаи на европските институции ние ги исполнивме сите критериуми за да се прифати преговарачката рамка и да се одржи првата меѓувладина конференција за да започнат преговорите.
Ние испорачуваме, а ЕУ не ги одржа своите ветувања и во овој момент не го добиваме правилниот одговор. Бугарија и ЕУ ја повторуваат грешката во однос на Северна Македонија. Историската грешка во 2019 година, сега е огромна геостратешка грешка на ЕУ.

Изневерени се оправданите очекувања на нашите граѓани, поттикнувани и охрабрувани од ЕУ и од земјите членки. Разнишана е довербата на голем дел од граѓаните на сите држави од Западен Балкан. Оваа грешка е мотивација за уште посериозна продирање на интересите на трети страни во срцето на Европа.

Барањата на Република Бугарија не се изненадување, но нивната упорност на стојалишта кои немаат ништо заедничко со стратешки важното прашање за проширувањето на ЕУ, нема да ги променат нашите ставови дека за идентитетските прашања нема преговори.

Остануваме посветени на дијалогот со Софија и барање на взаемно прифатливо решение. Спремни сме да разјасниме одредени дилеми доколку има потреба за тоа, но нашите позиции се познати и јавно потврдени: Ние сме Македонци кои зборуваат македонски јазик. За македонскиот идентитет не се разговара и не се преговара.

Договорот со Бугарија е добар и нема потреба од нов договор или анекс на договор. Спремни сме за поактивна имплементација на договорот. Имаме дадено предлог акциски план за проекти меѓу двете држави кои можат да ја унапредат соработката во различни области (економија, инфраструктура, култура, образование, и друго).

Секогаш ќе се бориме против говор на омраза. Провокации не се во интерес на никого и мораме да одржуваме цивилизиран и европски дијалог на сите нивоа. Да не влегуваме во круг на навреди, обвинувања и говор на омраза, кои нема да донесат ништо добро за никого, а најмалку за македонскиот и за бугарскиот народ.

Без разлика што ЕУ испраќа лош сигнал за вредноста на нашите домашни реформи и покажани резултати во процесот на интеграција во ЕУ за кои од Брисел стигнуваа признанија, Владата на Северна Македонија останува посветена на истиот стратешки колосек како и до сега. Нема отстапување од стремежот за остварување на стратешките цели кои се поставени едногласно и кои секогаш уживале широка поддршка: Постигнување и одржување на добрососедски односи, активно учество во НАТО како рамноправна членка на Алијансата и непоколеблива аспирација за членство во ЕУ.

Дома нема да дозволиме неуспехот на ЕУ со неодобрување на преговарачката рамка, да предизвика застој на внатрешните реформи. Напротив, ќе го засилиме темпото и ќе ја зголемиме предноста што ја имаме во регионот. Со уште повеќе верба, посветеност и единство, ќе се посветиме на градењето европски стандарди дома.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во срцето на градот Охрид, веднаш до градскиот пазар се отвори новиот Кафе бар Инфинити.

Во срцето на градот Охрид веднаш до градскиот пазар се отвори новиот кафе бар Инфинити. Кафе Бар Инфинити е повеќе само место за пиење кафе-...

Уапсен е Раде Трајковски Штекли. Се сомничи за трговија на дрога-

Уапсен е Раде Трајковски Штекли. Се сомничи за трговија на дрога. Раде Штекли предводел група од над десетина члена кои се занимавале со продажба на...

Во Битола 72-годишен дедо влегол во “банка” со хебла и пиштол.

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво...

Македонските ракометари загубија од Холандија, судењето во најмала рака скандалозно

Ракометната репрезентација на Македонија загуби со 37:32 од репрезентацијата на Холандија. Она што остави најголем впечаток е скандалозното судење на данската двојка судии Хансен и...