17.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаПендаровски: Нема да дозволиме полуписмени шарлатани и надрилекари да шират теории на...

Пендаровски: Нема да дозволиме полуписмени шарлатани и надрилекари да шират теории на заговор против вакцината

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Она што сигурно нè очекува е нов бран на негативни кампањи кои ќе ги обесхрабруваат луѓето да се вакцинираат, преку ширење теории на заговор на социјалните мрежи. Затоа кампањата за вакцинирање мора да се води и преку лични примери.

<

Вистинските херои се здравствените работници кои секојдневно на дело покажуваат дека хуманоста не е заборавена категорија и дека годините на мачната транзиција не направија да заборавиме на страдањата на другите, рече претседателот Стево Пендаровски на своето годишно обраќање во Собранието.

– Пандемијата требаше да биде момент на отрезнување на сите во државата и да доведе до сплотување на нацијата соочена со непознатиот противник, без оглед на политичките, етнички и човечки разлики меѓу нас. Во еден дел таа го постигна тоа, но за жал, во другиот дел го зголеми јазот на поделби во општеството и на површина исфрли институционални слабости, а ја поткопа и економијата. Државата немаше функционално Собрание и затоа мораше да се воведе вонредна состојба. Сите ги паметиме мачните сцени дури и во најмоќните држави во светот каде што немаше слободен кревет во болниците. Пандемијата изврши огромен притисок и врз нашиот здравствен систем, но секоја објективна анализа покажува дека државата ја менаџираше состојбата на рационален начин и избегнавме колапс. За време на пандемијата организиравме парламентарни избори, но масовната бројка на гласачи не беше причина за ширење на вирусот. Неколкупати го свикував и Советот за безбедност за да обезбедиме подобра координација меѓу институциите и имплементација на новите мерки, а ја вклучив и Армијата во борбата против пандемијата. Знам дека ваквите оценки не им значат ништо на семејствата кои ги загубија своите најмили, но верувајте, можеше да биде многу полошо – рече Пендаровски.

Нашата прва задача што не чека како држава веднаш по завршувањето на кризата со пандемијата е да направиме длабинска анализа за функционирањето на нашиот правен, политички и економски поредок, додаде претседателот.

– Потребно е да извлечеме поуки од оваа 2020 година и да ги поправиме сите оние работи кои потфрлија во изминатиот период. Никој не знае дали некоја нова пандемија ќе следува во иднина. На почетокот на следната година ќе иницирам јавна дебата за изработка на закони за воена и за вонредна состојба. Единствената наша цел ќе биде да ги додефинираме правните основи за функционирање во кризни времиња, поголема транспарентност и подобри механизми за контрола. Меѓутоа, постои нешто што со ниту еден закон не може да се регулира, а тоа е ограничувањето на човековите права и слободи, движењето и контактите меѓу луѓето. Тие имаат негативен ефект врз граѓаните. Во такви услови, кога нашата примарна задача беше борбата против вирусот, недоволно внимание посветивме на ранливоста на граѓаните кон пропагандата, дезинформациите и лажните вести. Она што сигурно нè очекува е нов бран на негативни кампањи кои ќе ги обесхрабруваат луѓето да се вакцинираат, преку ширење теории на заговор на социјалните мрежи. Затоа кампањата за вакцинирање мора да се води и преку лични примери. Не смееме да дозволиме во 21 век за вакви сериозни прашања, полуписмени шарлатани и надри лекари да доминираат над најголемите научни имиња кои во изминатите два века спасија милиони човечки животи – рече Пендаровски.

Тој се осврна и на членството на земјава во НАТО и рече дека сите треба да сфатат дека членството во Алијансата подразбира личен пример и поддршка на вредностите врз кои таа организација е поставена. Потоа им се обрати и на пратениците и им порача дека нема жив Македонец кој ќе прифати тргување со идентитетот и јазикот.

за повеќе детали тука…
плус инфо

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...