21.9 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаСрбија е меѓу првите земји кои добиja вакцини на „Фајзер“

Србија е меѓу првите земји кои добиja вакцини на „Фајзер“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, изјави денеска дека првите дози на вакцината „Фајзер“ во Србија ќе пристигнат во понеделник или вторник, во првата транша од нешто помалку од 5.000 дози, а ќе ги примат корисниците на домовите за стари лица, се наведува на веб-страницата на српската Влада.

<

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Лончар изјави дека дозволата за увоз на вакцината на компанијата „Фајзер“ и „БиоНТек“ е издадена вчера во Агенцијата за лекови и медицински средства и дека првите дози ќе пристигнат како што е ветено до крајот на годинава.

– Тоа е голем успех ако се знае дека само неколку земји во Европа и светот можат да се пофалат дека ќе имаат вакцини во тој период – кажа министерот.

Тој изрази надеж дека дозволата ќе ја добијат и други производители и дека граѓаните на Србија ќе имаат можност да ја изберат вакцината, истакнувајќи дека вакцинацијата ќе биде бесплатна.

Според него, Србија е меѓу првите кои добиле вакцини затоа што била една од првите пет земји во светот кои потпишале договор со компанијата „Фајзер“

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Со потврда од матичен лекар, невработените до четврток можат да се пријават за гаснење пожари

400 невработени лица за помош при гаснење пожари на Владата е отворен до четврток, потсети денес Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и...

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...

Кривична пријава за доктор од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...