0 C
Ohrid
петок, јануари 15, 2021
Почетна Македонија Од коронавирус почина кошаркарската легенда Марјан Лазовски

Од коронавирус почина кошаркарската легенда Марјан Лазовски

Translate (Eng):[gtranslate]

Денеска на 58-годишна возраст, како последица од коронавирусот, почина поранешниот селектор на македонската машка и женска репрезентација, Марјан Лазовски.

Лазовски имаше бројни ангажмани, а тренерската кариера ја започнал во Вардар.

 

РЕКЛАМА

Долги години беше асистент во македонската репрезентација, додека пак во 2012 година доби шанса како селектор.

На клупски план ги водеше МЗТ Скопје, Амак СП, Пелистер, Торус и Работнички, а последниот ангажман го имаше како селектор на женската кошаркарска репрезентација на Македонија, од 2017 до 2019 година.

- Реклами -