12 C
Ohrid
петок, мај 7, 2021
Почетна Македонија (Видео) За прв пат во овие три децении, нема да се спушта...

(Видео) За прв пат во овие три децении, нема да се спушта светиот крст во реките и езерата..

Translate (Eng):[gtranslate]

За прв пат во овие три децении, Водици ќе помине без спуштање на светиот крст во реките и езерата. На 19-ти јануари 2021 година ќе ги нема масовните манифестации, а Богојавление ќе помине во кругот на храмовите, порачаа од Македонската православна Црква. Од МПЦ со апел до верниците да ги почитуваат мерките и за време на верските празници во црква да одат со маска и да бидат на соодветно растојание. Со порака до граѓаните и лекарите, особено оние кои десет месеци постојано гледаат пациенти кои молат за спас, но и плачот на семејства кои изгубиле близок – Да бидеме одговорни за време на празничниот период.

-Видовме многу човечки судбини овој период, изгубивме многу пациенти, да послушаме и за празниците да останеме во кругот на семејството, овој период имаме надолен тренд и на хоспитализации и на смртни случаи што е најважно, и да се потрудиме тој тренд и да продолжи, вели др. Иван Видиниќ, инфектолог во Клиника за Инфективни болести.

СИТЕЛ

РЕКЛАМА

Сања Димитровска

- Реклами -