14.8 C
Ohrid
вторник, октомври 15, 2024
ПочетнаМакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Возачот на „бентлито“ е осудуван криминалец и со две активни кривични...

ВМРО-ДПМНЕ: Возачот на „бентлито“ е осудуван криминалец и со две активни кривични пријави

Опозициската партија објави дека се работи за Бурим Маслан познат како Бурим Харачина
Градоначалникот на Скопје најави дека ќе биде поднесена и кривична пријава бидејќи има елементи на загрозување на безбедноста во сообраќајот
Возачот на автомобилот марка „бентли“, кој вчера влета на плоштадот „Македонија“ во Скопје, е осудуван и во моментов има две активни кривични пријави, тврдат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според портпаролот на партијата Наум Стоилковски, казната што ја доби возачот од 45 евра е грубо исмевање на правдата.

„Тоа што се случи вчера на плоштадот во Скопје е последица на тоа што правниот систем на Заев и Спасовски не функционира и го штити криминалот и ги штити криминалците. Затоа што осудени криминалци не одговараат за сторени кривични дела, а тука Заев, Спасовски и Шилегов глумат правда за прекршок од 45 евра. Возачот на ‘бентлито’ е Бурим Маслан познат како Бурим Харачина, познат на полицијата, кој бил осуден со затворска казна за тешки дела разбојништво и загрозување со предизвикување општа опасност. Лежел затвор за обид за убиство. И од лани има две кривични пријави за разбојништво и за насилство. Лани и кај него е направен претрес дома при онаа т.н спектакуларна полициска акција во Грчец и Арачиново кога беше пронајдено нелегално оружје и дрога. Кај него било пронајдено најмалку едно парче недозволено оружје. Овој човек поминува неказнето за илегално оружје, обид за убиство и насилство и затоа дивее низ скопските улици“,

рече Стоилковски.

Градоначалникот Петре Шилегов вчера на Фејсбук ја објави казната од 45 евра за сопственикот на „бентлито“ и рече дека никој не е над законот, со тоа што е изречена казна за сообраќаен прекршок. Денеска Шилегов рече дека возачот ќе заработи и кривична пријава.

„Тоа што беше снимено на плоштадот е скандалозно. Глобата од 45 евра која ја објавив вчера не значи дека тука завршува работата околу санкционирање на лицето. Ќе биде поднесена кривична пријава бидејќи има елементи на загрозување на безбедноста на сообраќајот. Ќе го држиме обвинителството под око како ќе постапи по овој случај“,рече Шилегов.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска рече дека е добро што полицијата веднаш постапи по објавеното видео со автомобилот кој влетува на скопскиот плоштад меѓу луѓе, но според него казната од 45 евра не е доволна.

„Имаме такви неодговорни граѓани кои се однесуваат најблаго речено бахато во едни такви услови да се движат по плоштад и тротоари да паркираат кај ќе им текне“, рече Спасовски.
Спасовски вели дека треба да се размислува за измени во законот, со што казните за вакви активности би биле подрастични и би ги одвраќале сторителите.

На социјалните мрежи вчера беше објавено видео како возилото со голема брзина се движи низ плоштадот во центарот на Скопје, а затекнатите граѓани бегаат.

360 stepeni

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

По 25 години во Сител, Ивона Талевска почнува со работа во Алфа Тв.

По точно 25 години, познатата новинарка, водителка и уредничка Ивона Талевска, ја напушти телевизија Сител. „Наскоро се гледаме од ТВ Алфа, единствената македонска телевизија со...

Касами бара парите да бидат на албански јазик.

Биљал Касами вчера во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека еден од Законите кои мора да се промени е тој за Централна банка,...

Зетот на убиениот Панче: Велибор ги извадил бекатон плочките од дворот на Панче

Тодор Кирков, зет на убиениот Панче Жежовски, денеска сведочеше на судењето за двојното убиство. Во својот исказ, Кирков ја опиша динамиката на односите со...

Тошковски најави засилен видео-надзор откако првооделенци сакале да силуваат ученик во Скопје

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска, најави засилување на видео-надзорот, како и присуството на полициски службеници, откако завчера двајца првооделенци од училиштето „Димитар...