Заев во Тетoво: „Донесовме и одлука инспекторите клетва да не ги фаќа, оти многу ги колнат при вршењето на работата“

Премиерот Зоран Заев денеска беше во работна посета на Тетово каде, заедно со министерот за економија Кресник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Стојко Пауновски, го пушти во употреба реновираниот државен објект во кој сега е сместен Инспекторатот. Тој најави дека и за време на новогодишните празници испекциските служби ќе работат со несмален капацитет.

„За време на новогодишната ноќ и сите празници државната пазарна инспекција ќе работи. Имаме обезбедено подобри услови, но на инспекција ѝ имаме дадено дополнителни надлежности, како што се затварање на објекти, поднесување кривични пријави. Само така можеме да се избориме со ковид кризата и ширењето на заразата. Денеска можам да кажам дека ако пред еден месец имавме фактор на проширување на заразата 1,5, пред две недели беше 1,05, минатата недела беше 0.92 а сега е 0,8. Ова кажува дека мерките даваат резултати и ќе даваат ако избегнеме трет пик, а тоа е можно да се случи за празниците“, рече Заев одговарајќи на новинарски прашања.

Кога зборуваше за успешната работа на инспекторите во изминатиов период тој рече „Донесовме и одлука инспекторите клетва да не ги фаќа, оти многу ги колнат при вршењето на работата“, и кажа дека тоа е само предновогодишна шега.

Премиерот Заев зборуваше и за доставените нови предлози од опозицијата во врска со престојниот попис…
За повеќе детали на сдк.мк

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here