12.1 C
Ohrid
четврток, април 24, 2025
ПочетнаМакедонијаШилегов со Новогодишна честитка: Прво ќе посакам здравје па потоа ви ветувам,...

Шилегов со Новогодишна честитка: Прво ќе посакам здравје па потоа ви ветувам, дека ќе направиме смарт сити, трамвај без шини, мостови, луна парк…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, преку видео обраќање на скопјани им упати честитка за Новата 2021 година, им посака многубројни моменти на среќа и благосостојба, здравје за нив и за нивните најмили, и им најави што планира да се направи наредната година во градот.

<

„Зад нас е уште една тешка година која заеднички успеавме да ја пребродиме. Иако моравме да го намалиме нашето движење, да седиме дома, да ги кратиме нашите трошења, сепак, градот мораше да продолжи да функционира и живее. Светската пандемија на корона вирусот наметна нови приоритети. Успеавме да го реконструираме и прошириме паркингот на Клинички центар и овозможивме услови за поставување на нова монтажна болница. Најдовме сили да ѝ помогнеме на економијата во повеќе сектори“ – рече Шилегов.

Тој додаде дека Градот започна градежна офанзива во која се реконструираа и почнаа да се градат вкупно 19 градски сообраќајници, се намалија дел од давачките кон градот, а им помогна и на најпогодените уметници, угостители, родители на ученици и други на кои помошта им беше најнеопходна во овие тешки времиња.

Иако годината беше тешка, како што вели, улиците на Скопје сега се побогати за 33 нови еко автобуси на гас. Скопје го доби покривот на ГТЦ, кој е првиот зелен покрив отворен за граѓаните, а започна уредувањето и на вториот – покривот на Домот на градежници.

„И следната година не очекуваат уште многу нови и реконструирани сообраќајници, уште многу нови проекти во делот на образованието, културата, социјалата, животната средина и локалниот економски развој. Следната 2021 е година во која почнуваме со Смарт сити, БРТ системот на Трамвај без шини, го започнуваме новиот мост на Љубљанска, а завршуваме со мостот на АСНОМ. Ако биде сѐ во ред и условите го дозволат тоа ќе започнеме со изградба на новиот Луна парк и ботаничка градина. Не очекуваат уште многу нови зелени еко проекти, нови паркови и скверови, зелени покриви, реформиран систем за одржување на комуналната хигиена, нова велосипедска инфраструктура и нови енергетски ефикасни проекти. Пред нас е уште една година исполнета со многу предизвици кои можеме да ги поминеме заедно со многу ентузијазам и верба во подобро утре“, рече Шилегов во обраќањето.

Исто така, тој упати и апел до своите сограѓани да останат дома со семејствата, да ја почувствувааат уште еднаш убавината на домот, и да го направат тоа за нив и за нивните најсакани, за да може, како што вели, „заеднички да прославуваме и дочекуваме уште многу нови години полни со радост и среќа“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Исчезнувањето на Симона не е пријавено во МВР!

Дали Симона, поради чие наводно исчезнување се крена земјата на нозе, навистина е исчезната? Официјално, барем до сега, никој не пријавил исчезнување на лице...

Христово Воскресение 2 ден во Дортмунд- Германија

Христово Воскресение 2 ден Дортмунд ____ На вториот ден Велигден,Македонската Црковна општина св.Кирил и Методиј од Дортмунд имаше чест да биде посетена од Неговото Високо преосвештенство...

Исчезната е Симона Стојкова- Доколку некој има информации веднаш да пријави во МВР !!!

Краток опис Симона Стојкова има кафена коса и кафени очи со висина од 175 см и е на возраст од 35 години. Носи наочари и...

Викторија Трајков: Со градоначалникот Пецаков ја посетивме инклузивната игротека „Радост“ која е цел нов свет за околу 20 дечиња со церебрална парализа од Охрид...

Со градоначалникот Пецаков ја посетивме инклузивната игротека „Радост“ која е цел нов свет за околу 20 дечиња со церебрална парализа од Охрид и околината,...