21 C
Ohrid
петок, мај 7, 2021
Почетна Македонија Постигнат директен договор со Фајзер: Македонија ги добива првите вакцини во февруари

Постигнат директен договор со Фајзер: Македонија ги добива првите вакцини во февруари

Translate (Eng):[gtranslate]

Република Северна Македонија во февруари ги добива првите дози на Фајзер вакцината, соопшти вечерва Министерството за здравство.

-Денеска попладне е постигнат директен договор со компанијата, а количина ќе биде позната во текот на следните недели. Следните дози од вакцината на Фајзер ќе пристигнат во март и април. Министерството за здравство продолжува разговори за обезбедување вакцини и преку преговори со земјите членки на ЕУ како и преку Ковкакс механизмот од каде се очекува распоредот и датумот за дистрибуција на првите количини. Ова е одлична вест за сите граѓани и прв чекор кон конечна победа над пандемијата, велат од Министерството.

 

РЕКЛАМА

Министерството информира дека во јануари се очекуваат и фрижидерите за складирање на овие вакцини и со тоа македонскиот здравствен систем ќе биде целосно подготвен за вакцинацијата.

fokus

- Реклами -