18.8 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Секој граѓанин да може да одгледува 2-3 стебла канабис колку за...

Заев: Секој граѓанин да може да одгледува 2-3 стебла канабис колку за своја употреба, но под строга контрола

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во одговор на пратеничко прашање премиерот Зоран Заев на денешната седница истакна дека со легализацијата и декриминализација на канабисот се отвора можност, секој граѓанин, за своја лична употреба да може да огледува одредена количина на канабис.

<

„Нашиот став во однос на ова прашање е јасен. Ова нема да биде привилегија само на богатите да инвестираат или слично, целта е да се овозможи на секој граѓанин на пример од две до три стебла под контрола на агенцијата која што е предвидена во самиот закон за сопствена потреба да може да ги користи или пак може да ги делегира на компанија да ги одгледува за него како што и сега се бележи секое стебленце со посебен број со посебна контрола или слично„ порача премиерот Заев.

Заев посочи дека со легализација на канабисот истовремено се отвораат нови економски потенцијали и развој на одредени стопански гранки.

„Легализацијата на марихуаната во државата која што треба да има конечна цел за развој на угостителството и туризмот на сите наши услужни дејности кои што дефинитивно многу малку партиципираат во севкупниот БДП на државата односно околу 4%. Во Холандија во БДП, услужните дејности учествуваат повеќе од 60%, во земјите насекаде е 25, 45, 35 отсто, ние немаме море, немаме пристаништа, немаме извори на нафта да го развиваме нашиот економски сектор и ова е добар потенцијал што државата може да го искористи за развој на економијата за отворање на нови работни места за развој на туризмот“ оцени премиерот Заев додавајќи дека искуствата покажале дека во сите земји каде што употребата на канабис е легализирана, за 30 до 50 отсто е опаднато користењето на хероин, на кокаин и на сите други тешки супстанци и дроги.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...