-1.1 C
Ohrid
петок, декември 8, 2023
ПочетнаМакедонијаУапсен е македонскиот државјанин осомничен за двојното убиство во Тирана

Уапсен е македонскиот државјанин осомничен за двојното убиство во Тирана

Албанската полиција го лиши од слобода македонскиот државјанин кој претпладнево со истрели од огнено оружје усмрти две жени во Тирана.

– Како резултат на интензивните акитвности и опколувањето на пошрокото подрачје, полициските служненици го уапсија македонскиот државјанин Перпарим Адеми (59) осомничен за двојно убиство. Уапсениот се наоѓа во Управата на полицијата во Тирана, за понатамошна постапка – стои во полициското соопштение.

Како што претходно информраше директорот на полицијата на Тирана, Ребени Јаупи, македонскиот државјанин претпладнево околу 10,20 часот во нивниот дом во Тирана, во населбата „Астир“ смртно ги застрелал Кристина Барди, со која живеел во вонбрачна заедница и нејзината сестра Жанета Метани, пред очите на две малолетни деца.

Според првичните истражни дејствија, до инциедентот дошло по расправија меѓу Адеми и Барди околу продолжувањето на вобрачната заедница, која Барди сакала да ја прекине.

Адеми според полицијата пред неколку години го сменил претходното презиме Тела, живеел и во Македонија и во Тирана, а од пред неколку месеци само во Тирана.

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

И шоферот на Палчо доби гратис шишање за во Шутка !!!

Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Обвинителството, и му одреди 30-дневен притвор на возачот кој го возел...

Првото селфи на Боки 13 откако е на слобода- Мора да признаеме како за болен човек, добро изгледа !!!

Бојан Јовановски, познат како Боки 13 објави фотографија на својот Фејсбук, прво селфи на слобода. „Првото селфи на слобода после повеќе од 4 години. Господ...

Возачот на Палчо не чувствува вина: Јас го возев на болница

Стефан Димковски, кој го превезуваше Љупчо Палевски-Палчо и заврши во притвор, не чувствува вина во случајот со убивањето на Вања Ѓорчевска, одговори тој на...

Мајката на Вања: Не можам да разберам, се ми е нереално – Со сопругот бевме 5 години разделени, но бевме во добри односи.

Зорица Ѓорчевска, мајката на Вања Ѓорчевска (14) која беше убиена кај скопското село Бразда за српска „Република“ изјавува дека важно и е само да...