17.9 C
Ohrid
петок, јули 25, 2025
ПочетнаМакедонијаМалолетничка го роди првото бебе во Штип годинава

Малолетничка го роди првото бебе во Штип годинава

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Првото новороденче во штипската Клиничка болница е машко, прва рожба на 17-годишна мајка од светниколското село Горабинци. Вработените во Акушерското одделение утринава ги развесели плачот на здравото и првото новороденче во 2021 година.

<

Началникот на Одделението за Гинеколгија и акушерство, Емил Џидров вели дека во 8:30 е породено првото новороденче во штипската Клиничка болница.

– 2020 година ја завршивме со 702 раѓања, што е приближно иста бројка, како и во 2019 година, кога имавме 708. Бројот на машки и женски бебиња се приближно исти, од кои 349 машки и 353 женски бебиња, вели Џидров.

Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов и директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев попладнево го посетија првото новороденче.

– Новороденчето е со три килограми и 150 грама, должина од 50 сантиметри. Здраво и машко бебе, а денеска во одделот за Гинекологија и акушерство го посетивме. Традиционално како Општина Штип му подаривме штедна книшка од 10.000 денари, како и хранилка, а исто дадовме и по 10.000 денари на гинеколгија и акушетство и неоанатологија, вели Николов.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ѓеорѓијев вели дека новогодишната ноќ, за дежурните во Клиничката болница, помина помирно од вообичаено, но сепак, не без работа и пациенти, како последица на сообраќајни несреќи или бурна новогодишна прослава. На новогодишната ноќ се случиле две сообраќајни несреќи и една тепачка, за интервенција се јавиле осум пациенти, од кои еден е хоспитализарн, а останатите се испратени на домашно лекување.

Курир.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова бара сериозна акција против принудувањето на жените на проституција

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од Тетово на новинарско прашање ја коментираше вчерашната ситуација кога беше спречено самоубиство на жена која била принудувана на проституција. Ранливоста...

ЦУК: Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар

Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици била примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години,...

Потрагата по 34-годишната Биљана од Прилеп заврши со среќен крај.

Андоноска заврши среќно – таа е пронајдена жива. “Ви благодарам на секоја помош, Биљана е пронајдена, жива е”, напиша пред малку нејзината сестра на социјалните...

Селото Куратица по 21-ви пат подготвено за дружење со своите блиски роднини и пријатели …

Голем број на иселеници жителите и голем број на пријатели на Куратица повторно ќе имаат можност на блиска средба со своите, во родното огниште....