14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаСветПочина жената застрелана во Конгресот, ФБИ влезе во зградата. (Видео)

Почина жената застрелана во Конгресот, ФБИ влезе во зградата. (Видео)

Жената која беше застрелана во зградата на Конгресот на САД за време на упадот на приврзаниците на Доналд Трамп починала во болница. Засега нема информации за нејзиниот идентитет, ниту, пак како настрадала.

Во меѓувреме агенти на Федералното биро за истраги (ФБИ) влегоа во Конгресот на САД, откако демонстрантите ја напуштија зградата, по видео обраќањето на претседателот Доналд Трамп.

Но, иако тој ги повика да заминат дома, толпата се уште е пред Конгресот, а се забележуваат и групи по централното подрачје на Вашингтон.

Во меѓувреме за помалку од еден час (во 18:00 локално време), започнува полициски час воведен претходно од градоначалникот Мјуриел Баузер.
Њујорк тајмс јави дека армијата веќе ја активирала целата национална гарда задолжена за округот Колумбија, каде се 1.100 војници. Тие се веќе во градот и се распоредуваат на неколку локации околу Вашингтон.

Во меѓувреме, Си-ен-ен предава дека безбедносните служби досега откриле три експлозивни направи на неколку локации во Вашингтон, апитол хил. Не се знае дали направите се вистински или лажни, но се третираат како закана. Една била најдена во комплексот згради на Капитол хил. Претходно е јавено за поставена бомба во штабот на Републиканскиот национален комитет (РНЦ), а друга сомнителна пратка се појавила и во просториите на Демократскиот национален комитет (ДНЦ).
24 инфо.мк

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...