22.8 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче: Ќе го набавиме роботот Да Винчи

Филипче: Ќе го набавиме роботот Да Винчи

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Нов простор добија дневната болница и салата за киретажа на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

<

– Изминатите месеци интензивно работевме за да се опреми и оспособи една нова дневна болница во рамките на Клиниката за гинекологија и акушерство со оглед на тоа што сега Клиниката е и ковид-центар и навистина се намали просторот кој беше на располагање. Сега имаме современо опремен мини центар за изведување на мали интервенции. Тука се изведуваат абортусите со целосно опремени нови кревети, дневна болница која ќе биде на располагање на сите пациенти на кои им е потребна оваа интервенција. Центарот е опремен и со два гинеколошки стола, две машини за анестезија и значајно се зголемува капацитетот – изјави министерот за здравство Венко Филипче по посетата на Клиниката.

Тој посочи дека со директорката на Клиниката, Викторија Јовановска, разговарале и за промена на системот кој веќе една година функционира после промена на Законот во смисла на либерализација на целокупната постапка за абортус при што волјата на жената ја ставиле на прво место.

Процесот е поедноставен и нема веќе чекање од три дена, туку веднаш се спроведуваат постапките согласно новата измена на Законот. Во последните два месецa првпат на Клиниката после соодветната набавка се спроведува и медикаментозниот абортус, посебно кај жените во пораните фази на бременоста.

– Разговаравме и за плановите за 2021 година. Еднаш најавивме, но тој план се одложи поради ковид кризата, а тоа е роботската Да Винчи хирургија. Во периодот кој е пред нас ја почнуваме постапката да се набави овој современ хируршки апарат – роботска хирургија каква што досега немало во земјата и ќе се користи најмногу од експертите од областа на гинекологијата и од специјалистите уролози со што значајно се зголемува квалитетот на здравствената услуга во еден сегмент кој досега го немало во нашата земја – додаде Филипче.

Директорката на Клиниката, Јовановска рече дека секојдневно се справуваат со затекнатите состојби во таа јавна здравствена установа.

– Просторно немавме можности во адекватни услови да се изведуваат киретажите и абортусите на Клиниката. Успеавме да преадаптираме простор во кој ќе се изведуваат киретажите и пациентите ќе имаат адекватни услови и третман – додаде д-р Јовановска.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стопирана постапката за купување регистарски таблички во боја за функционерските возила

Министерството за внатрешни работи ја стопираше тендерската постапка за набавка на регистарски таблички за службени возила, поради жалбите што во моментов ги разгледува Државната...

Трајановски: Детектирани се црните точки на патиштата, работиме во координација со МВР за подобра безбедност

Директорот Трајановски истакна дека се детектираат црните точки на патиштата и се работи на подобрување на сообраќајната сигнализација за поголема безбедност Директорот на Државни патишта,...

Градоначалникот Пецаков оствари важна средба со амбасадорот на Шпанија за развој на Охрид и туристичка соработка

Остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија...

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...