19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаМангуп на батерии: Приведениот насилник претепал и службеник на ЈСП, зошто му...

Мангуп на батерии: Приведениот насилник претепал и службеник на ЈСП, зошто му било побарано пари за билет..

Полицијата се уште трага по вториот насилник во автобусот на ЈСП кој се заканува на патници дека ќе ги потопи во кисела, но ги навредува и по верска основа.

Полицијата во моментот истражува дали имало и физички напад врз лицето кое го снимило видеото, со оглед на тоа што во јавноста се појавија информации дека тој дел не е снимен, а таков инцидент се случил откако насилниците забележале дека се снимани.

Лицето кое е приведено во полициска станица има историја со повеќе кривични дела, а пред година и половина претепал и службеник на ЈСП во Транспортниот центар, откако претходно бил казнет за непоседување на билет.

Сепак, најголем проблем во истрагата е што инцидентот е од пред 2 – 2 и пол месеци. ЈСП прво треба да открие на која линија и во кој точно автобус се случил инцидентот.

-Ние се уште не можеме да провериме што точно се случувало, како започнал инцидентот од видео-снимките од камерите што снимаат во делови од автобусите со оглед на тоа што се уште не е утврдено точно во кој автобус се случил настанот. Целата ситуација ја отежнува тоа што никој од учесниците од настанот, ниту нашиот возач не пријавил за ваков настан, вели портпаролката на ЈСП-Скопје, Деспина Трајковска Димова.

Она што прво се забележува на видеото е дека двајцата насилници маските не ги носат на лице, туку под брада. Од ЈСП велат дека возачите немаат ингеренции да ги казнат или да им забранат на граѓаните да влезат без маска во автобус. Можат само да ги опоменат или да повикаат полиција.

Според социолозите, последниот инцидент е само олицетворение на се тоа што се случува во државата, како од политички, така и од економски аспект. Професорот Костадин Миновски вели дека Македонија наместо да оди напред, оди назад, а главен фактор за тоа е нефункционалноста на институциите. Партиските договори и немањето национални стратегии во ниту една област довеле до тоа граѓаните да не ги почитуваат правилата во ниту една сфера од животот.

-Ваквите инциденти многу лесно можат да преминат во конфликти. Дали ќе бидат етнички, религиски, од аспект на религиски радикализам. Проблемите не можат да се решат со самото тоа што вие ќе ги игнорирате и ќе ги ставате под тепих. Напротив, притисокот се зголемува се повеќе и повеќе. Се помалку се контролира состојбата. Затоа треба со време да се реагира, а први треба фунцкионерите да го дадат примерот, кога ќе направат грешка да ја признаат. Признавањето ќе значи нивно заминување, а не плаќање 20 евра казна, вели професорот по социологија, Костадин Миновски.
sitel

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...