25 C
Ohrid
четврток, јули 29, 2021
Почетна Македонија МВР не даде зелено светло за државјанствата со тројца сведоци-албанските партии обвинуваат...

МВР не даде зелено светло за државјанствата со тројца сведоци-албанските партии обвинуваат за дискриминација

Translate (Eng):[gtranslate]

Како што пишива Дојче Веле во нивната сторија албанските опозициски партии обвинуваат за дискриминација, Спасовски вели дека треба да се заштитат националните и државни интереси

Предлог-законот за државјанство кој што го поднесоа албанските опозициски партии при крајот на минатата година, не наиде на поддршка во надлежните институции. Министерството за внатрешни работи даде негативно мислење на идејата државјаните од поранешните југословенски републики, кои до независноста на 8 септември 1991 година живееле во Македонија, да можат да добијат македонско државјанство само со изјави од сведоци, без да бидат приложени документи како доказ. Станува збор за граѓани кои се родени и живеат во Северна Македонија, но немаат државјанство иако најчесто ги исполнуваат условите за тоа. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предлогот го оцени како „политички памфлет“.

 Со измените на Законот за државјанство што се разгледуваат во Собранието по скратена постапка на предлог на пратениците од Алијанса за Албанците и Алтернатива, оној што бара македонско државјанство, ќе треба да обезбеди изјави од три лица што ќе сведочат дека барателот живеел на територијата на Македонија до 8 септември 1991 година или, пак, изјава на само едно лице што во тој период било жител или сѐ уште живее во местото во кое живеел барателот. Додека измените поминуваат низ собраниските филтри, во јавноста се кршат копјата околу оправданоста на ваквиот предлог. Ставувањата се дали на ваков начин се отвара простор за злоупотреби околу делење државјанства на тацна, особено ако се покажат како точни калкулациите дека на тој начин до македонски документи би дошле 70.000 лица.

РЕКЛАМА

Целосниот текст прочитајте го во dw.com

- Реклами -