4.9 C
Ohrid
недела, декември 10, 2023
ПочетнаМакедонијаИ дождот не изненади: Се излеа реката Драгор во Битолско, надлежните со...

И дождот не изненади: Се излеа реката Драгор во Битолско, надлежните со насипи ја штитат

о натчовечки напори спречена е еколошка катастрофа, која со надојдената вода и’ се закануваше на Битола во снабдувањето со чиста вода за пиење“, вели директорот на битолски „Водовод“, Горан Козаров.

Од УХМР, пак, најавуваат зголемен водостои и излевања на повеќе реки во државава, а граѓаните да избегнуваат движење покрај нив.

Дводневните интензивни врнежите од дожд во Битола и околината значително го зголемија нивото на реката Драгор, која се излеа кај местото викано Довлеџик. По уривањето на дел од брегот, сериозно беше загрозена пумпната станица на ЈКП „Водовод“, од каде што градот се снабдува со вода за пиење.

Во санирање на состојбите се вклучија сите јавни комунални претпријатија од Битола.

По неколку часа акција на терен, од битолски „Водовод“ информираа дека водоснабдувањето се одвива нормално и дека квалитетот на водата за пиење е во најдобар ред. Сепак, состојбата ќе се следи и следните денови.

Првиот човек на битолски „Водовод“, Горан Козаров, во изјава за „Независен“ вели дека е надмината опасноста да биде загрозено водоснабдувањето на Битола и пелагониските општини Новаци и Могила.

„Надмината е опасноста да биде загрозено водоснабдувањето на Битола и пелагониските општини Новаци и Могила. Со натчовечки сили спречена е еколошка катастрофа, која со надојдената вода ѝ се закануваше на Битола во снабдувањето со чиста вода за пиење. Потпорниот ѕид, во најголем дел ги спречи надојдените води да навлезат и да направат штета на Пумпната станица во населба Довлеџик од каде градот и околината се снабдува со вода за пиење. Направивме насип во делот каде што се откина реката и сега ситуацијата се држи под контрола“,

вели Козаров.
Од УХМР велат дека вечерва повторно се очекуваат врнежи, со што ќе се зголеми водостојот на повеќе реки и препорачуваат да се избегнува движење покрај нив.

„Според најновите информации од хидролошките станици, зголемен е водостојот на реката Треска, кој се очекува и натаму да продолжи да расте, така што предупредуваме на можни локални излевања во тој речен слив. Исто така, зголемен е и водостојот на Пчиња кај Катлановска Бања и предупредуваме на можност од локални излевања на Пчиња, вклучително и на нејзините притоките (Кумановска и Крива) и суводолиците во тој слив. Зголемен е и водостојот на Црна Река во Новаци кој се очекува и понатаму да продолжи да расте и постои можност од локални излевања на нејзините помали притоки и суводолици. Константно е висок водостојот на Радика, Сатеска и на останатите реки во западниот дел од земјата, каде останува опасноста од нивно излевање”,

посочуваат од УХМР.

360

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Перо Антиќ активно учествува во предизборната кампања на Вучиќ

Перо Антиќ веќе некое време објавува фотографии и видеа на неговите профили од политичкиот ангажман Во Србија идната недела ќе се одржат избори, а во...

Истиот лек во Германија е 310, а во Македонија 970 денари!

Ова е лекот Ко Росвера од 20 мг и 10 мг. Го препишуваат главно кардиолозите, а служи за одржување на ниско ниво на холестеротот...

Бил Гејтс: Интернетот помогна „лудите“ луѓе да се најдат едни со други

Мултимилијардерот Бил Гејтс изјави дека првично мислел дека Интернетот ќе го направи светот позаснован на факти, дека ќе стане рационален, но дека подоцна сфатил...

Османи: Следната мисија на ДУИ е претседател на државата

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи денеска во изјава за медиумите рече дека следната мисија на ДУИ е претседател, бидејќи тоа е единствената функција која...