15 C
Ohrid
петок, мај 7, 2021
Почетна Македонија Филипче: Ја гледав сторијата за 11 годишниот Борче од Охрид, па одлучивме...

Филипче: Ја гледав сторијата за 11 годишниот Борче од Охрид, па одлучивме да му се помогне со бесплатно лекување !!!

Translate (Eng):[gtranslate]

Сторијата за болеста на 11 годишниот Борче од Охрид, кој има вродено срцево заболување, допре до министерот за здравство Венко Филипче. Тој денеска објави дека сите испитувања за 11-годишното момче од Охрид, Борче Лазаревски, ќе бидат бесплатни за да може да продолжи неговото лекување понатаму.

-Утрово се сретнав со семејството на 11 годишниот Борче Лазаревски од Охрид, чија сторија беше неодамна објавена. Борче има вродено срцево заболување, а во наредниот период за него ќе се направат сите дијагностички испитувања по што ќе се одлучи на кој начин ќе се одвива понатамошното лекување. Сите здравствени услуги за Борче се бесплатни. Ќе направиме сѐ за да ја подобриме неговата здравствената состојба.

РЕКЛАМА
- Реклами -