24.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаЛага е дека имало пукање кај Градската општа болница „Св.Наум Охридски- Доведени...

Лага е дека имало пукање кај Градската општа болница „Св.Наум Охридски- Доведени биле две лица ранети со огнено оружје

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во болница немаше никаков инцидент, ниту пукање, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК директорот на Универзитетската клиника по хируршки болести „Свети Наум Охридски“ д-р Љубен Арсенков, откако повеќе медиуми известија за наводен инцидент пред зградата на старата градска болница во Скопје, без да наведат извор на информацијата.

<

Во болницата попладнево биле донесени две повредени лица, кои се здобиле со повреди од огнено оружје при пресметка надвор од кругот на болницата. Пред болницата забележавме возило на граничната полиција со запалени ротациони светла, но нема потврда дали тоа е поврзано со инцидентот.

„Немаше никаков инцидент, двете лица беа донесени повредени. Едниот беше со прострелна рана во пределот на стомакот и на него во моментов се изведува операција. Второто лице беше со повреда во пределот на лицето и тоа е препратено на Клиниката за максилофацијална хирургија“, вели директорот Арсенков.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека инцидентот се случил во селото Љубош денеска околу пладне.

„Во СВР Скопје било пријавено дека пред деловен објект во село Љубош бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу К.Н. и К.Х., од една страна и Н.Р. и М.Р., од друга, при што било употребено и огнено оружје. Притоа со повреди се здобиле К.Н. и М.Р., кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Чеитите лица се обезбедени, како и нивните возиола и оружјето, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.сдк.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...

Таравари: Сегашниот ќе биде и иден градоначалник на Гостивар

Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста вд градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот...