14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаЕве кои возила во Македонија се ослободени од плаќање на патарина !!!

Еве кои возила во Македонија се ослободени од плаќање на патарина !!!

Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за јавни патишта. Во неколку членови на овој закон опфатен е начинот на функционирање на патарините, ценовниците, начините на плаќање како и ослободувањето од плаќање на патарина.

Бидејќи квалитетот на јавните патишта во Македонија е постојано под знак прашалник, често коментираме дека цената на патарините не е соодветна со квалитетот на патиштата. Оттука неретко бараме начини како да го избегнеме плаќањето.

Токму во наведениот закон е потенцирано и кои се субјекти се ослободени од плаќање на патарина.

Според членот 66 од плаќање патарина се ослободени возилата со полициска придружба и видливо означените возила на Армијата на Репулбика Македонија, полицијата, Царинската управа, итната медицинска помош, Црвениот крст на Република Македонија, противпожарните служби, Државниот инспекторат за транспорт, Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија, Дирекцијата за заштита и спасување, Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта “Македонија пат“ и погребалните возила. Заедничко за сите наведени е дека истите се ослободени само доколку се на служба.

Според истиот овој член, од плаќање на патарина се ослободуваат возилата на потполно глуви лица со потврда за членство од Националниот сојуз за глуви лица, на лица заболени од дистрофија, мултиплекс склероза, церебрална парализа, параплегија, хемиплегија, квадриплемија, детска парализа (полиомиелитис), слепите лица со оштетување на видот над 90%, лица на дијализа и лица со ампутација на рака или нога со признато телесно оштетување од 80% утврдено со акт на надлежната комисија во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија.

Сите горенаведени возилата на лицата треба да има членски книшки издадени од
надлежните здруженија, потпишани и заверени од страна на Јавното претпријатие, со која се потврдува нивното ослободување од плаќање патарина.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...