9.9 C
Ohrid
понеделник, ноември 25, 2024
ПочетнаМакедонијаЈордан Митев: Моментално закрепнувам после операцијата, мој совет е да ги игнорирате...

Јордан Митев: Моментално закрепнувам после операцијата, мој совет е да ги игнорирате непријателите, бидеќи носат стресови.

Македонскиот фолк-пејач Јордан Митев кој на македонската музичка сцена опстојува веќе 15 години, неуморно работеше и за време на пандемија, па откри и дека подготвува и нов албум и два концерти за прославување на својот јубилејн.

Но, очигледното телото рекло „стоп“ и побарало свое време за одмор.

 

Како што изјави за „Фокус“ , пејачот во овие два месеци мирува поради хируршки зафат.

-Повлечен сум, во овој период најважно ми е да ја насочувам енергијата кон суштински нешта. Навлегување во теми кои ми носат негативна енергија или пак да се обидуваш нешто да појасниш некому, кој не сака да сфати е само губење на време. Примитивните муабети ми донесоа само стресови, а моите непријатели не заслужуваат да изгубам ниту една минута повеќе во животот размислувајќи за нив или пак одвојувајќи време за нивните провокации – за „Фокус“ раскажува популарниот фолк музичар Јордан Митев.

 

Додава дека периодов најпотребен му е мир и не сака да се занимава со непотребни работи.

-Уморен сум од негативности и жално е што кај нас добар дел од народот се храни со нечија мака. Уште пожално е тоа што ретко кој простува туѓ успех, дури и кога е спечален со чесна работа, многу труд и откажувања… Но, не сум човек кој некому би посакал зло, нека бидат живи и здрави и непријателите. Ми следи период на опоравување, а потоа се надевам во нови успеси и со позитивна мисла, само напред – раскажа Митев за  ФОКУС

 

Поради пандемијата музичарите останаа без работа и без приходи со кои ќе може да се грижат за своите семејтва. Угостителски објекти се затворени по 21 часот, а воведени се и забрани за групирања и било какви прослави.
Но, фолк-пејчот во интервју за „Фокус“ кажа дека не се срами од никаква работа и дека доколку набрзо не се тргнат забраните од Владата, ќе почне да работи нешто друго.

 

-Се изнакажаа многу нешта на темава… Ако нешто треба да ни биде како утеха, тоа е што оваа ситуација не е само кај нас, туку е иста за милиони луѓе ширум светот.

Многу фамилии, индустрии, паднаа на колена, многу ќе банкротираат, многу луѓе веќе се останати без работа. Тоа е една реалност која мора да ја прифатиме.

ФОКУС

Не би сакал да влегувам во детали во поглед на мојата професија, бидејќи најчесто моите ставови им сметаат на одредени исфрустрирани ликови.

Сметам дека додека ова заврши, треба да истраеме. Иако летово се обидоа со организирање на некои настани со познати балкански ѕвезди, сепак тие кои сме подобро информирани, знаеме дека тие нивни настапи поминаа на сила, со некоја симболична посетеност.

 

Што значи тоа? Тоа значи дека народот е исплашен и моментално нема расположение за не знам какви ли не журки и забави. Расположението на одредена мала група на луѓе не може да се земе како општо расположение – кажа музичарот за  ФОКУС

Потврди и дека деновиве ги донирал и средствата кои владата ги додели како помош на околу 730 естрадни работници.

-Да, средствата завршија таму каде што сметав дека се најпотребни. Нема потреба од објавување на детали, на фотографирање, треба да се мисли на достоинството на секој човек. Не би сакал повеќе да зборувам за тоа, кога се помага тоа се прави во тишина и нема тука место за експонирање – појаснува музичарот.

За повеќе детали: ФОКУС

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина Митрополит Тимотеј

Дебарско-Кичевскиот Митрополит Тимотеј денеска ја загуби битката за живот и почина во болница. Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј починал денеска на 73-годишна возраст. Тимотеј неколку дена бил...

Граѓани од Скопје бараат од надлежните да ги заштитат од агресивно куче

Во групата на ФБ „ Во одбрана на Буњаковец“ е објавен апек до надлежните за да ги заштитат од агресивно црно куче , кое...

Охриѓанка крадела по бутици во Гостивар

Вчера полицајци од Гостивар ја лишиле од слобода Џ.Д. (44) од Охрид, којa била пријавена од вработена во продажен објект дека извршила кражба во...

После долги години се врати и Елвир Мекиќ- Заедно со Охриѓанецот Пајак направија вистински музички хит.

Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 23-годишниот Христијан Настески- Пајак, заедно со Елвир Мекиќ ја објави новата песна „Накаде после два“. Елвир беше еден...