13.5 C
Ohrid
вторник, септември 16, 2025
HomeМакедонијаАли Ахмети во врска со пописот: Сите кои живеат во земјава и...

Али Ахмети во врска со пописот: Сите кои живеат во земјава и имаат имот ќе бидат попишани…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Сите кои живеат во земјава и имаат имот ќе бидат попишани, рече Али Ахмети во синоќешната емисија „Политика“ на гостиварската локална телевизија ТВ Глоби.

<

Лидерот на ДУИ уверува дека институциите ќе си ја вршат нивната работа, па така сите кои живеат во земјава и надвор од неа ќе бидат опфатени. Ахмети зборувајќи на темата појасни и како се попишува дијаспората.

-Во врска со пописот имаше дебати, вклучително и јавни дебати. Тоа е статистичко прашање, а не политичко претпријатие, а таа операција мора да се заврши. Тоа од нас го бараат и релевантни меѓународни институции како ООН и од ЕУ. Мора да имаме попрецизна статистика за економијата на земјата, за имотот на земјата, за населението во земјата и никој нема да биде исклучок. Прво ќе се регистрираме тука, а потоа оние кои се во странство преку валидни документи од нивните роднини тука или преку Државниот завод за статистика. Се знае колку постојано живеат тука, а колку надвор. Но сепак, сите се жители на оваа земја, подвлече претседателот на ДУИ.

За очекувањата од резултатите, тој напомена дека Албанците не може да бидат помалку од 25 проценти, колку што биле и во 2002 година. Бројката ја образложи со констатацијата дека Албанците во Македонија имаат стапка на наталитет кој последниве години е зголемен.

Околу измените за процедурите за издавање на државајанство, Ахмети смета дека ова прашање е премногу политизирано. Според него, последниве 12 години државјанство добиле околу 15.000 граѓани, а без државјанство се околу 3.500 лица.

-Граѓаните непотребно се манипулираат со ова. Не станува збор дека 50 или 100 илјади граѓани се без државјанство и дека половината се Албанци. Вкупно, според податоците и информациите што ми ги доставија надлежните органи кои се занимаваат со овие проблеми, нема повеќе од 3.500 граѓани без државјанство. Мнозинство од нив не се Албанци, туку тие припаѓаат на ромската заедница, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за гостиварската локална телевизија Глоби.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Влен”: Украдениот имот ќе им се врати на граѓаните

„Со одлуката на Владата, еден од лидерите на Вреди, вицепремиерот Арбен Фетаи, е назначен на чело на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација...

Во Албанија е регистрирано ново здружение „ВМРО-ДПМНЕ -Албанија“

ВМРО-ДПМНЕ- Албанија“ е ново здружение на Македонците, откако и официјално е регистрирано во судскиот регистар во Тирана. Ова не е само формалност – ова е...

Херојството на Стојанче Ангелов

Може да мислите што сакате за Стојанче Ангелов, но, ова се неколку факти кои никој не може да ги оспори, напиша Златев на неговиот...

Министерство за здравство: Ќе се поделат 2.000 заштитни маски на жителите во Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското...