29.9 C
Ohrid
сабота, август 9, 2025
ПочетнаМакедонијаМВР повикува жртвите да пријават. Но девојката која се охрабри и пријави...

МВР повикува жртвите да пријават. Но девојката која се охрабри и пријави од МВР и кажаа дека не можат ништо да прават, бидеќи е полнолетна.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

28-годишна девојка од Кавадарци на Инстаграм објави видео во кое го сподели своето искуство со „Јавна соба“, откако таму била објавена нејзина фотографија, број и градот каде што живее.

<

„Почнав да добивам пораки и повици на мојот мобилен, на Вибер, на WhatsApp, на Mесинџер и на Инстаграм. Не знаев што се случува и од каде доаѓа тоа. Сè додека наредниот ден не добив скриншот од мојата слика, зашто таа слика не само што беше објавена во „Јавна соба“, туку е препраќана и на други места, сведочи Ана.

„Се испаничив, се преплашив, никогаш досега не сум доживеала такво нешто и отидов во Одделот за сајбер криминал во Скопје за да пријавам. Им ја покажав сликата, им ги покажав пораките, повиците. Им кажав дека ги имам со име и презиме луѓето кои што ми ѕвонеа и пишуваа. Меѓутоа, кога слушнаа дека сум полнолетна ми рекоа дека не можат ништо да направат бидејќи Законот во нашата држава е само за малолетници за вакви случаи.

Јас во тој момент се почувуствував толку беспомошно и бесно што навистина не знаев што да направам и каде да се обратам. Изгубив секаква надеж, многу се разочарав и видов дека во државава не постои правда, дека ако ние имаме над 18 години немаме никаква заштита. Токму поради тоа луѓето се осмелуваат на вакви работи зашто знаат дека никој ништо нема да им направи“, вели Ана на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝔸𝕟𝕟𝕒 (@troublemaker_ak)

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...

Скопјанец „награден“ за „одличното пракирање“ во Будва

Културата си ја покажуваме и надвор од земјава, но не подобро. Скопјанец, мислејќи дека е во Скопје, го паркирал автомобилот до контејнер во црнгорскиот летен...

Жител на Чаир крадел струја од бандера, при што предизвикал пожар.

Пожар зафати бандера на ЕВН и куќа на 63-годишен скопјанец во населбата Чаир. Пожарот бил предизвикан, но било утврдено дека избувнал преку кабел кој...