17.9 C
Ohrid
понеделник, септември 27, 2021
Почетна Македонија Д-р. Беќаровски: Бутан, Бангладеш и Непал почнаа со вакцинација, а ние...

Д-р. Беќаровски: Бутан, Бангладеш и Непал почнаа со вакцинација, а ние уште преговараме !!!

Translate (Eng):[gtranslate]

Д-р. Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија во 24 Анализа на ТВ 24 вели дека со вакцинација треба да се започне уште денеска Треба да сме свесни дека светот веќе вакцинира на големо, а се вакцинираат и земји како Пакистан, Бутан, Баангладеш и Непал.

– Ние треба да сме свесни дека вакцинацијата во светот е веќе започната на големо. До денеска преку 75 до 80 милиони луѓе се вакцинирани. Израел утре официјално ќе помине граница од 50% вакцинирано население, а ние уште не ппочнавме, прашање е кога ќе почнеме, вели Беќаровски.

Тој потенцира дека цените се едно, ама да ги видиме последиците, затоа што последиците кај пациентите кои прележале се големи и има тешки касни компликации.

РЕКЛАМА

– Секое дежурство ми доаѓаат касни компликации од ковид. Има луѓе каде белодробието е сериозно оштетено, кај нас 10% завршуваат во болница, а од нив 15 до 20% имаат трајни компликации. Има луѓе кај кои немало шеќерна болест, откако прележале се појавила. Еден пациент со шеќерна болест здравствената каса ја чини како илјада вакцини, за третманот. Ние веќе дојдовме да гледаме касни компликации кои ќе го чинат фондот екстремно скапо, рече Беќаровски.

Тој истакна дека тешко е кога гледаш дека држави како Бутан, Пакистан и Бангладеш почнале со вакцинација, а ние не.

– Врвот на превентивната медицина е вакцинација. Колку и да чини, и најскапа да е, ќе се исплати, Вакциннација треба уште денеска. Убава е приказната дека околу 30 до 40% стекнале имунитет, прашање е колку ќе имаат касни последици, сметајте дека ќе има 100 илјади луѓе со компликации ако одиме по тој пат. На било кој начин, лично ме погаѓа гледам Бутан почнале со вакцинација, Непал, Бангладеш, Пакистан, а ние?, вели Беќаровски.

- Реклами -