9.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаШекеринска: Зошто очекуваат оставка од мене, дека влегувме во НАТО?? Или дека...

Шекеринска: Зошто очекуваат оставка од мене, дека влегувме во НАТО?? Или дека им ја покачив платата на војниците?

Претпоставувам дека ВМРО-ДПМНЕ очекува од мене оставка. Пред да бидам избрана сте ја чекале оставката. За што да ја дадам оставката, дека влеговме во НАТО, изјави попладнево министерката за одбрана Радмила Шекеринска на собраниската седница за пратенички прашања.

-Јас сум за НАТО. Голем дел од вас беа против. За тоа ми барате оставка или ми барате оставка дека првпат кога ќе кажат луѓето дека работат во Армија, не треба да почнат да се жалат од плати, од услови и од заборавеност од државата. Да, од мене барате оставка заради тоа што првпат војската трипати по ред има повисоки плати. Од мене барате оставка затоа што првпат кога ќе видите војник нема да коментирате дека му е стара униформата и искинати чизмите. Барате оставка најверојатно од мене затоа што и сите имаат станбено обезбедување – рече министерката Шекеринска, одговарајќи на пратеничко прашање од Љупчо Пренџов од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа додаде дека првпат нашите кандидати за офицери имаат плата додека се подготвуваат да бидат офицери. Посочи дека сите имаат повисоки плати, како докторите, сите цивилни лица и додаде дека првпат Армијата ќе има и модерна воена, спортска и алпнистичка опрема.

Министерката посочи дека ќе обезбедат и отприемнина за сите војници кои веќе не сакаат да работат во државна администрација.

Шекеринска рече дека во овој момент во Армијата на Република Северна Македонија има само двајца генерали кои, како што рече, се избрани и како резултат на мој предлог.

– Ги избрал претседателот врз основа на законот, сум можела, сум дала предлог. Тие двајца имаат НАТО-сертификат – изјави Шекеринска.

Министерката за одбрана посочи дека пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат несоодветното додека таа одговора на поставеното прашање. Според неа, ВМРО-ДПМНЕ секогаш ги избира партиските интереси и, како што рече, вистината ВМРО-ДПМНЕ од кожа го вади

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...

19-годишник и малолетник завршиjа во полиција – Го прекршиле изборниот молк !!

Две лица од тетовско со лепење плакати за кандидат за претседател го прекршиле изборниот молк. Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 01.05...