14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаФИКТИВНИ АДРЕСИ ЗА ДОБИВАЊЕ НА БУГАРСКИ ПАСОШИ: Maкедонци заведени дека живеат во...

ФИКТИВНИ АДРЕСИ ЗА ДОБИВАЊЕ НА БУГАРСКИ ПАСОШИ: Maкедонци заведени дека живеат во Софија, Ќустендил, Благоевград

Македонците кои земаат бугарски пасоши, се заведени дека живеат на фиктивни адреси во соседна Бугарија, во Софија, Ќустендил, Благоевград или некоја друга општина објавува фактор.мк.

Има случаи каде луѓе кои не се во никакво сродство се запишани дека живеат на иста адреса. Посредниците за добивање на бугарски пасоши велат дека најголем дел од адресите се во Софија и Ќустендил.

„Тие адреси се фиктивни и на една адреса како жители се запишани повеќе луѓе. Мал дел од Македонците кои поседуваат имоти во Бугарија се заведени на тие адреси. Некои пак се водат дека живеат кај роднини или пријатели во Софија“, вели посредник за бугарски пасош од Западна Македонија.

Тој додава дека имало случаеви каде и мали деца на возраст од 2-3 години, добиле бугарски пасош, со цел целото семејство да замине во странство. Објаснува дека процедурата за добивање на бугарски пасош чини до 800 евра, а се чека три години. Пасоши се даваат исклучиво на Македонци, додека припадниците на помалите етнички заедници од земјава многу потешко можат да добијат пасош, што не било случај до 2015 година. И во време на пандемија, интересот за вадење на бугарски пасош е ист како и претходните години, вели нашиот соговорник.

Целосната сторија тука …

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...