7.8 C
Ohrid
вторник, ноември 12, 2024
ПочетнаМакедонија91 годишната бабичка од Кичево повторно си ја доби куќата која и...

91 годишната бабичка од Кичево повторно си ја доби куќата која и беше неправедно одземена !!!

Нафије Салиу го доби назад својот имот кој му го подари на Беким Сефери. Го посетивме домот на 91-годишната каде беше присутен и Беким и Народниот правобранител во Кичево, Илбер Руфати. Беким вели дека ја молел Нафије да дојде во неговиот дом, но таа сакала да остане во куќата во која живеела со својот починат сопруг. Тој вчера на Нафије ѝ понуди три опции:

БЕКИМ: Ќе дојдеш кај мене, да дојдам јас тука да се грижам за тебе, или ќе го вратат имотот и куќата? Како сакаш ти.

Нафије избра да ѝ биде вратен имотот, а Беким ѝ ја исполни желбата, иако како што вели, доброволно му го подариле, бидејќи тој, сѐ до смрт се грижел за сопругот на Нафије.

„Без никаков интерес, туку во името на Алах се грижев за нејзиниот сопруг кој беше неподвижен до последниот здив. Потоа г-ѓа Нафије и нејзините браќа ми го подарија имотот, иако на почетокот одбив да го прифатам. Ми рекоа дека сопругот на Нафије го оставил тоа во аманет, бидејќи се грижев за него како да е мој родител. Така, продолжив да се грижам и за госпоѓата и по смртта на нејзиниот сопруг. Го испратив брат ми со неговата невеста за да не биде сама навечер, со оглед на тоа што моето семејство има повеќе членови, а во таа куќа ќе немаше место за сите. Но, по некое време таа го избркала братот од куќата и тој си замина за таа да не се чувствува лошо во сопствена куќа која веќе беше на негово име. Од тој момент одбива да комуницира со нас, се сомневам дека некој манипулира со неа“, истакна Беким Сефери.

Но, по сите обиди и по настанатата ситуација, Беким Сефери одлучил да ѝ го врати имотот и да се грижи за неа кога ќе ѝ запотреба, без никаков интерес.

„Сега во присуство на Народниот правобранител, муфтијата и Вашиот медиум ја замолив да дојде во мојата куќа или јас да се грижам за неа во нејзината куќа, но таа повторно одби. Со оглед на тоа дека одбива да се грижам за неа како што со години се грижев за нејзиниот сопруг, сакам да ѝ го вратам имотот и куќата на госпоѓата. Сакам да истакнам дека никогаш не ѝ беше вршен притисок да ја напушти куќата, а јас не го продадов имотот. Ве молам, да не се злоупотребува моето име и мојот интегритет со невистини. Сведок ми е Семоќниот Алах за сѐ што имам. Ќе ѝ го вратам имотот и ќе продолжам колку можам да ѝ помагам повторно кога и да ѝ затреба“, посочи Беким Сефери.

Нафије Салиу му се заблагодари на Беким што ѝ ја врати куќата и за грижата што ѝ ја укажувал изминатите години. Таа е пресреќна и им се заблагодарува на сите за поддршката.

„Алах нека ве награди сите, Господ да ви даде сѐ. Вие ми пруживте рака мене, Господ нека ви пружи рака вам. Јас немам со што да ве наградам, немам како да ви се оддолжат. Господ нека ве награди вас“, вели Нафије Салиу.

Му се заблагодари и на Беким што ја испочитувал нејзината желба.

„100 пати благодарам“, додава Нафије Салиу.

Народниот правобранител во Кичево, Илбер Руфати, вели дека постојано ќе бидат на терен со цел правдата секогаш да биде задоволена.

„По долга дискусија, постигнавме договор каде што странките изразија слободна волја имотот на баба Нафије да ѝ биде вратен, но процесот на враќање ќе биде спроведен по изготвување на напишан правен акт кој ќе биде заверен нотарски. Изразувам голема благодарност до вас и до сите страни кои беа вклучени во овие четири дена и сакам да кажам дека Народниот правобранител секогаш ќе биде во заштита на граѓаните“, вели Илбер Руфати.

Нафије во 2013 година ја препишала куќата на Беким Сефери, кој пак во 2014-та ја пренел на името на неговиот брат, со цел, како што вели, 91-годишната Нафије да не седи сама. Но, како што се чини ова не ѝ се допаднало на Нафије, и по кратко време, одбила за неа да се грижи Беким, и неговиот брат. Од тогаш за неа се грижат соседите.

Изминативе денови на интернет се отворија неколку лажни профили каде пишува дека се бара помош за Нафије, информации кои се користат за лична корист, бидејќи таа нема потреба од финансиска помош. Ова го истакнуваме со цел да не се злоупотребуваат хуманите луѓе.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тешка битка за живот: Готвачот од Канал 5, Антонио Јанковски бара помош.

Готвачот кој учествуваше во кулинарската емисија на „Канал 5“ сега се соочува со сериозна здравствена борба, дијагностициран му е рак, а истовремено страда и...

Севдије Коџа разрешена поради фалсификуван сертификат по англиски од Бугарија.

Општата болница со проширена дејност Дебар, од денеска има нов директор, дознава „Слободен печат“. Досегашната директорка на болницата педијатарката Севдије Коџа е разрешена од...

Жетва на пехари од “КОРЧА ОПЕН 2024 “ за натпреварувачите на М.Т.Т.Ф.

Жетва на пехари од “КОРЧА ОПЕН 2024 “ за натпреварувачите на М.Т.Т.Ф Викендов што помина на 09.11 2024 во , соседна Албанија се одржа ревијален...

Али Ахмети, упати нова закана: Ако се допре албанскиот јазик сите Албанци ќе се кренат на нозе

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, упати нова закана за масовна реакција на Албанците доколку Уставниот суд донесе одлука да го промени или укине Законот...