29.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаЕдвај крпиме крај со крај: ''Свадбарите'' бараат помош од државата !!

Едвај крпиме крај со крај: ”Свадбарите” бараат помош од државата !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Фотографите и камерманите во земјава формираа Комора како погодени од пандемијата за да бидат опфатени во петиот пакет на економски мерки на Владата за справување со последиците кои ги предизвика корнавирусот.

<

Од таму тврдат дека се колатерална штета од ограничувањата за работа на угостителските објекти, дека е загрозена нивната егзистенција и дека државата ги заборавила.

Новата стопанска комора за фотографска и видео дејност ќе ги опфаќа сите фото студија и видео продукции за свадби и настани, како и самостојни вршители на фотографска дејност и правни лица кои вршат набавка и дистрибуција на добра. Поголемиот дел од нејзините членки се микро и мали претпријатија со мал број вработени,

Од таму веќе поднле барања за средби до надлежните министерства, на кои ќе бидат поднесени нивните барања,, меѓу кои да бидат ослободени од условите за добивање на субвенциите и грантовите.

„Нашите членови се колатерална штета на забраните кои се однесуват на угостителскиот сектор за организирање и одржување семејни веселби, прослави и настани. Ние како дејност која највеќе се занимава со фотографирање и видео снимање на погоре спомнатите настани, поради забраните ги изгубивме сите договорени настани за 2020 година, а овој тренд на откажување ќе продолжи и во 2021-ва ако пандемијата не се стави под контрола“, вели претседателот на Комората, Миле Спасов.

Од таму бараат државата да гио исплаќа и платите и на отпуштените работници во оваа дејност, за истите да можат да бидат вратени на работа. Комората бара и да и се овозможи издавање лиценци за фото и видео дејноста за да се стави ред во фелата и да се спречи нелојалната конкуренција.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...