21.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаФактор: ЌЕ ИМАМЕ НОВИ ПОВЕЌЕЈАЗИЧНИ ПАСОШИ - не само за Албанците, туку...

Фактор: ЌЕ ИМАМЕ НОВИ ПОВЕЌЕЈАЗИЧНИ ПАСОШИ – не само за Албанците, туку и за другите етнички заедници

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

За разлика од сегашниот закон со кој етничките Албанци добиваа двојазични пасоши доколку тоа го сакаа, односно по нивно лично барање, со новиот закон таков пасош ќе мора да им биде издаден по службена должност објавува Фактор.

<

Исто така, пасоши кои се испечатени на нивниот јазик, ќе можат да добијат и другите малцински зедници во земјава, кои се под 20 отсто, како што се Србите, Бошњаците, Ромите, Турците и Власите, доколку тие тоа го побараат.

Од Владата, која се јавува како предлагач на законските измени, велат дека со нив се врши усогласување на конкретни одредби од законот со Законот за употреба на јазиците, како и усогласување со Уставниот закон за спроведување на амандманите.

„Со донесувањето на Законот за употреба на јазиците, меѓу другите обврски кои произлегуваат од него, се наметна и потребата од усогласување на обрасците за личните документи на граѓаните што ги издава Министерството за внатрешни работи.  Конкретно, за патните исправи како личен документ на граѓаните, произлезе обврската за усогласување во делот на начинот на печатење на обрасците за патните исправи и начинот на запишување на податоците во нив, со цел сеопфатно усогласување на постојното законско решение со законското решение предвидено во Законот за употреба на јазиците, како во делот на законската имплементација на јазиците на сите етнички заедници во државата, така и во терминолошкото дефинирање на различните категории на граѓани од етничките заедници, на начин кој е уреден во Законот за употреба на јазиците“, се вели во владиното образложение.

Прочитајте ја целосната вест во Фактор.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонските организации од Сиднеј донираа над 84.000 австралиски долари за жртвите од пожарите во Кочани.

Почитувани, Со гордост ве информираме дека денес Прилепското Друштво Методија Андонов- Ченто од Сиднеј официјално потпиша договор за соработка со организацијата Супорт Кочани и изврши...

Арсовска му возрврати на пратрникот Ковачев: Имам чешки пасош, бугарски немам !!!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во гостување во „Тешки муабети го демантира европратеникот Андреј Ковачев кој објави дека наводно Арсовска е бугарски...

Видео: Семејствата на загинатите го исвиркаа кочанскиот градоначалник, тој го откажа најавениот концерт

Вршителот на должноста градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, вечерва се појави пред семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, кои одржаа протест, гневни...

После лавината реакции, Кочани се откажа од прославата по повод празникот Петровден.

Почитувани сограѓани, Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката „Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на...