24.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаСветАлександра на 51 година сама обезбедила пари за ин витро оплодување во...

Александра на 51 година сама обезбедила пари за ин витро оплодување во Солун, сега е самохрана мајка но има важна порака до сите жени…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

„Моето бебе е како добивка на Лото! Не можеш да избираш кога ќе дојде“, искрена е Александра.

<

Александра Живковиќ од Ниш ја оствари желбата да стане мајка на 51 година. Вработена како фармацевтски техничар, низ годините, работела уште неколку работни места за да собере пари за ин витро оплодување во Солун. Нејзината желба се исполни со првиот обид и се роди Хелена, која веќе има една година.

Одлуката да се обиде да стане мајка на педесет години, единствено можна, делувала за Александра.

„Кога сфатив дека нема да имам можност да се реализирам како мајка, се пресеков и последните две години се борев финансиски да си обезбедам можност барем еднаш да пробам, да даде Бог“, вели самохраната мајка Александра.

Таа отишла во Солун, свесна дека веројатноста за ин витро оплодувањето да успее од првиот обид, е мала. Но, токму тоа се случи.
Малата Хелена неодамна го прослави својот прв роденден, а братот и мајката на Александра се постојано со нив.

„Кога остана бремена Александра, ми беше тешко затоа што се плашев дека моето дете има 50 години, но подоцна, кога сè беше готово и се роди Хелена, сега сум најсреќната баба во светот“, вели Снежана Живковиќ, мајка на Александра.

Коментарите од околината се претежно позитивни, но има, вели Александра, и такви кои ѝ замеруваат за нејзиното доцно мајчинство.

„Жал ми е што ова не ми се случи порано, да поминувам повеќе време со Хелена. Но, ќе дадам сè од себе да се чувам и ќе се обидам да ја направам добра личност, да ја направам независна.
Луѓето треба да ме гледаат како некој што победил на лотарија. Не можете да изберете кога ќе победите, секој би сакал да победи на лотарија на дваесет години, за да можат да уживаат во богатството, но не може, јас сега го добив моето лото и му благодарам на Бога за тоа“, вели Александра.

Ако научила нешто од сето тоа, вели таа, тоа е дека животот е големо чудо и верува дека неа и Хелена сè уште ги чекаат многу добри работи.

извор:zenskikutak.rs

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Орце Ѓоргиевски: Најголемата шанса во политиката ми ја даде Мицкоски и Бог.

Во поткастот на ТВ Сител, кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓоргиевски вели дека најголемата шанса во политиката му ја дале Мицкоски и Бог. Тој...

Радикален Ислам се шири во Идризово – бројките растат, вели Пандов

Директорот на Управата за извршување санцкии, Александар Пандов, во поткастот „Претрес со Ландов“ призна дека се шири радикален Ислам во шестото крило во Идризово....

Владата и „Македонија2025“ со кампања ги повикуваат иселениците да се вратат

Организацијата „Македонија2025“, во партнерство со Владата на Република Македонија, започна кампања под мотото „Македонска дијаспоро, врати се повторно дома“. Целта на оваа иницијатива е...

Лишен од слобода скопјанец: Фрлал со камења по хеликоптерот додека полнел вода !!!

Лишен од слобода скопјанец, ја загрозил безбедноста на полицискот хеликоптер додека полнел вода за гасење на пожари низ државата На 12.08.2025 во 18:55 часот...