17.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаМила Царовска: Се*суалното образование се воведува во деветто одделение а не во...

Мила Царовска: Се*суалното образование се воведува во деветто одделение а не во второ како што сакаа да ве излажат.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Според министерката за образование, за таа цел во моментов се држи интензивна обука во четири пилот училишта…

<

Сексуалното образование не се воведува во второ одделение, тоа беше лажна вест, туку ќе биде изборен предмет во деветто одделение, најави министерката за образование и наука Мила Царовска во вечерашното интервју за Канал 5.

Сексуално образование: Лажни вести и говор на омраза по социјалните мрежи

„Бидејќи е изборен предмет, наставниците кои се подготвени да ги предаваат овие теми ќе поминат соодветна обука. Во моментов се држи интензивна обука во четири пилот училишта каде што треба да се воведе од наредна година пилотирање на изборен предмет сексуално образование, во 9. одделение. Сите анкети покажуваат дека и родителите, и учениците, и наставниците имаат потреба од овие теми во образовниот систем во погорните одделенија. И така е поставен концептот“,

посочи Царовска.
Царовска за лажните вести за ССО: Истите луѓе тврдеа дека во земјава ќе се населат 120 илјади мигранти

Според неа, девијациите како „јавна соба“ се резултат на немање дискусија за овие теми во училиште. Царовска нагласи дека голем дел од учениците ниту дома не можат да дискутираат на такви теми, поради неукост на родителите или социјални стеги.

„Има млади луѓе коишто се жртви на сексуално насилство од свои врсници и тоа никој не го превенира. Затоа што не се зборува. На сторителот на насилство најмногу му одговара да не се дискутира на овие теми. Ништо да не се зборува. Кога немате знаење, немате како да кажете ’не’“,рече Царовска, објаснувајќи дека токму во училиштето младите луѓе во пубертет треба да добијат вистински знаења за сексуално репродуктивно здравје, за род и еднаквост, за тело и слика за себе, за насилство, за врски и односи.
Извор:360

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...